Пораншната инспекторка на криминалистичката полиција во СВР Охрид, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан на улицата „Сирма војвода“.

Објавил: Македонка Димкин | 14 јануари, 2022 16:10

Полициcката инспектopка во Охрид пoчинaлa од предозирање со наркотици

Фото/Текст извор: ©охридскај / фејсбук

Поранешната полициска инспекторка, Марија М., која беше пронајдена мртва во стан во Охрид, починала од предозирање со наркотични средства, покажуваат првичните сознанија за причините на смртта, објави „Охридскај“.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, по што детално ќе бидат познати причини за смртта и приближно времето кога настанала смртта.

Во текот на истрагата остануваат на разгледување и првичните информации дека на телото на починатата имало траги на насилство и дека можеби станува збор за насилна смрт.

Поранешната инспекторка на криминалистичката полиција во СВР Охрид, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан на улицата „Сирма војвода“.

Првичната информација дека станува за насилна смрт сепак останува истражните органи ги отфрлаат со оглед на фактот на начинот на живот која го имала во минатото сега починатата Марија Милошевска!

Веста за смртта на младата инспекторка го потресе Охрид каде што секој го знае секого! Пред се потресени се родителите со оглед дека Марија беше млада, за тоа дали и нивните деца се тргнати по тие води.

Има ли полицијата сознанија кој тоа го сее белиот прав низ Охрид, кој тоа ги труе младите, прашуваат загрижени граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam