Генијална идеа за неделен ручек.

Објавил: admin@magazin | 17 март, 2019 23:25

Полнети пиперки со праз и свинско мелено месо

Фото/Текст извор: ©hronorecepti.mk

Една идеја за полнети пиперки, во овој случај со праз и свинско мелено месо. Превкусни се, пробајте ги !!

Вкусни полнети пиперки со праз, одлична прилика да ги направите за вашите најблиски.

СОСТОЈКИ:

500 гр Мелено свинско месо
8 Пиперки
3 стракови Праз
1 Домат
150-200 мл Вода
1 лажица Масло од семки од грозје
по вкус Магдонос
по вкус Сол и бибер
1 лажичка Црвен пипер ( зачин )

Вкусни полнети пиперки со праз и свинско мелено месо. Одлична идеа за неделен ручек.

ПОДГОТОВКА:

Празот се сецка на ситно и се пржи на средна температура. Кога ќе омекне доволно, се додава меленото месо и се пржат заедно.

На крај, на исклучена рингла го додавате сецканиот домат и зачините. Мешате за да се соединат состојките.

За оваа количина ќе ви бидат потребни 8 пиперки со средна големина.
Ги полните и затворате со рачките или со парче домат.

Во садот ја додавате водата и го покривате со алуминиумска фолија. Во загреана рерна на 250 степени, печете околу 30 минути.

Ја тргате фолијата и печете уште 20-30 минути.
На здравје!

 

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.