Според Гласот на Америка, тоа е половина од светското население каде што на повеќето луѓе им било наредено да бидат во карантин за да го спречат понатамошно ширење на коронавирусот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 април, 2020 11:00

Половина од светското население во изолација поради Коронавирусот: Карантин и полициски час во повеќе од 90 држави!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пандемијата на коронавирус се шири низ целиот свет и од денес на глобално ниво, бројот на заразени надмина еден милион, со повеќе од 50.000 мртви. Така, владите во многу земји воведуваат рестриктивни мерки за спречување на ширењето на вирусот, а според последните податоци, 3,8 милијарди луѓе се ставени во карантин.

Според Гласот на Америка, тоа е половина од светското население каде што на повеќето луѓе им било наредено да бидат во карантин за да го спречат понатамошно ширење на коронавирусот.

Гласот на Америка даде неколку официјални изјави повикувајќи се на АФП и истакна дека мерките што вклучуваат препорачан или задолжителен карантин и полициски час во моментот се спроведуваат во повеќе од 90 земји и територии.

Околу 2,78 милијарди луѓе во 49 земји во моментов се во карантин и треба да останат дома.

Во Европа, однсоно Велика Британија, Италија, Франција и Шпанија, овие мерки се на сила од поодамна, а слични правила важат и во азиските земји Индија, Непал, Шри Ланка. Одредени делови на САД се исто така во карантин, а не е поштеден ниту Нов Зеланд кој е релативно изолиран.

Иако коронавирусот пристигна во Африка многу подоцна од сите други земји, региони како Мароко и Јужна Африка започнаа да работат на воведување мерки за претпазливост.

И Еритреја се приклучи на овој список во четвртокот, откако им нареди на граѓаните да останат во нивните домови 21 ден.

Во многу земји, напуштањето на домот е одобрено само доколку треба да се оди на работа, до продавница за најпотребни производи или посета на лекар.

Во најмалку 10 други земји со вкупно 600 милиони луѓе, на жителите им е кажано дека е пожелно да останат во своите домови, но оваа мерка е по избор.

Ова е, меѓу другото, случајот во Германија, Канада, Мексико и Иран.

Најмалку 26 други држави или територии, каде живеат околу 500 милиони луѓе, воведоа полициски час, со кој ги обврзуваат луѓето да останат дома 24 часа. Овој метод е широко користен во африканските земји, вклучувајќи ги Кенија, Египет и Мали, како и во нации од Латинска Америка како Чиле, Панама и Порто Рико.

Во најмалку седум земји, владите се фокусираа на поголемите центри на живеење. Забрани сега се наметнати на секој што заминува или влегува во Ријад, Медина и Мека во Саудиска Арабија. Финска воведе слични правила за Хелсинки и ДРЦ за Киншаса. Овие ограничувања опфаќаат повеќе од 30 милиони луѓе.

Според Обединетите нации, во светот има 7,8 милијарди луѓе.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.