Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Објавил: Мартин Попоски | 18 декември, 2018 14:52

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над 515 килограми марихуана, скриени во тајни прегради од камион.

Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера на граничниот премин Богородица, на излез од Република Македонија, запленија околу 515 килограми марихуана, а од слобода е лишено едно лице.

Запленетата марихуана требало да се транспортира до Турција, а нејзината вредност се проценува на над милион евра, соопшти МВР.

По претходно дадени насоки, на Граничниот премин Богородица на излез од Република Македонија извршен е претрес во товарно моторно возило марка „Ман“и полуприколка –ладилник со скопски регистерки таблици, сопственост на правно лице, а управувано од З. А. (46) од Скопје. При извршениот претрес во специјално направен бункер во кровот на приколката, пронајдени се 181 полиетиленски пакувања со марихуана, а З.А. е приведен. – изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Истрагата утврдила дека 33-годишен скопјанец со иницијали Д.С. во ноември и декември набавил марихуана од Албанија со цел продажба во Турција, а го организирал и транспортот преку Македонија и Грција до крајната дестинација. 

За реализација на транспортот, Д.С. за соодветен паричен надомест го ангажирал З.А..

Бункерот во возилото бил направен во Турција и оттаму З.А. го донел возилото во Скопје, каде веќе била подготвена марихуаната за транспорт.

Во текот на вчерашниот ден, по издадени наредби од судија на претходна постапка,  извршен е претрес во домот на Д.С. во Скопје, со цел пронаоѓање и обезбедување на дополнителни материјални докази.

Од извршениот претрес, пронајдени и одземени се едно возило Рено меган, мобилни телефони и бројна документација. Во текот на денешниот ден до обвинителството е поднесена кривична пријава против Д. С. како организатор на транспортот и З. А. како транспортер на дрогата, за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик на Р.Македонија. – соопшти Ангеловски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести