Во текот на летната сезона на Аеродромот Св. Апостол Павле се очекуваат по два лета неделно од Полска, кои повторно ќе го поврзуваат Охрид со двата полски града по воздушна линија!

Објавил: Владо Марин | 20 јуни, 2021 22:16

Полските туристи се враќаат на Охридското езеро

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со авион на полската авиокомпанија ЛОТ, кој доцна попладнево од Катовице слета на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, полските туристи се враќаат на Охридското езеро, за прв пат од почетокот на пандемијата со Ковид-19.

Полските туристи се вратија во Охрид!

Авионот на ЛОТ денеска донесе вкупно 182 патника од Катовице, а утре на охридскиот аеродром ќе слета и првиот лет од Варшава, со што двете авиолинии, Катовице-Охрид и Варшава-Охрид ќе бидат возобновени, по повеќе од една година.

Во текот на летната сезона на Аеродромот Св. Апостол Павле се очекуваат по два лета неделно од Полска, кои повторно ќе го поврзуваат Охрид со двата полски града по воздушна линија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони...

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во...