Денес се навршуваат пет години од кобниот 9 мај 2015 година и антитерористичката акција која започна рано утрината во 04.30 часот во саботата на 9 мај и траеше непрекинато 28 часа, сè до 10 часот во неделата на 10 мај.

Објавил: Перо Милчин | 9 мај, 2021 10:51

ПОМЕН ЗА ВЕЧЕН СПОМЕН ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МВР ВО “ДИВО НАСЕЉЕ“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ПОМЕН ЗА ВЕЧЕН СПОМЕН ЗА ЗАГИНАТИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МВР ВО “ДИВО НАСЕЉЕ“

Денес е Ден на победата над фашизмот, денес е Ден на Европа, ама и тажен ден за Македонија, за семејствата на загинатите припадници на Македонската полиција од антитерористичката акција во Диво насеље во Куманово во 2015 година.

Денес се навршуваат пет години од кобниот 9 мај 2015 година и антитерористичката акција која започна рано утрината во 04.30 часот во саботата на 9 мај и траеше непрекинато 28 часа, сè до 10 часот во неделата на 10 мај.

На денешен ден во 2015 година беше спречена нова војна во Македонија! На денешен ден во 2015 година врз Македонија беше извршена вооружена акција од терористи од територијата на Косово!

Во антитерористичката акција на македонската полиција осуммина македонски херои го положија својот живот во одбрана на татковината:

– Жарко Кузмановски (роден 1981 година), од с. Брвеница, Тетово,
– Ненад Серафимовски (роден 1987 година), од с. Зубовце, Гостивар,
– Сашо Самојловски (роден 1982 година), од с. Брвеница, Тетово,
– Бобан Ивановиќ (роден 1968 година), од с. Стајковци, Скопје,
– Горан Илијевски (роден 1974 година), од Гостивар,
– Исамедин Османи (роден 1983 година), од с. Студеничани, Скопје,
– Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966 година), од Скопје, и
– Горан Стојменовиќ (роден 1970 година), од Миладиновци, Скопје.

Загинаа за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата Македонија…

Нека остане вечен поменот и споменот за тие кои ја бранеа татковината од терористичката ОНА, која во Македонија се бореше за територии и “Голема Албанија“, “за ослободување на албанските земји од славомакедонските окупатори“…

Овој датум и овие херои вечно ќе останат запишани во најновата македонска историја.

Вечнаја памјат и слава им! Господ нека ги насели како праведници во Царството Небесно! Било, да не се повтори, ама и да не се заборави…

Хероите никогаш не умираат! Амин…

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Светски Македонски конгрес

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани