Очекувам, нагласи Заев, деновиве Заводот за статистика да предложи до Владата стручна анализа како тие гледаат на одржувањето на пописот.

Објавил: Весна Петровска | 29 октомври, 2019 11:40

Пописот наесен 2020 или во април 2021 година

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Пописот не е возможно да се направи пред изборите, власта бара соодветно решение денеска Зоран Заев изјави прво ќе се чека да биде донесен законот, дали тоа ќе биде 2020 или 2021 останува се уште непознато, но тој додава дека попис во државава мора да има.

Изрази уверување дека Законот ќе биде донесен и дека проценката на Заводот за статистика ќе биде конечна.

– Ја видов изјавата на евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој апелираше законот да се донесе, а одлуката е 2020 или 2021 година. Знаете и дека опозицијата имаше забелешки, дајте да се одложи пописот. Сега веќе кога одлучивме консензуално изборите да бидат април 2020 година, тогаш ја губиме пролетта за одржување на пописот, изјави Заев.

Очекувам, нагласи Заев, деновиве Заводот за статистика да предложи до Владата стручна анализа како тие гледаат на одржувањето на пописот.

Државниот завод за статистика, денеска во соопштене до медиумите, информираше дека ќе даде предлог до Министерството за правда, кое е официјален предлагач на Законот за попис на население, домаќинства и станови, периодот на спроведување на Пописот да се пролонгира за април 2021 година, а Законот за Попис на население, домаќинства и станови да биде донесен пред формирање на техничката Влада.

Воедно, Државниот завод за статистика изјавува дека е подготвен за разгледување на можностите за усогласување на сите отворени забелешки поврзани со Пописот со сите релевантни чинители во државава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.