Алијанса за Албанците со барање од уставот да се бришат минималните 20 отсто етничка застапеност за поголеми права, потврдувајќи дека Пописот без таа графа е нелегитимен

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 ноември, 2018 10:31

Попис без етничка графа е можен само со нови уставни измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во сите држави пописот е техничко оперативна работа, само во Македонија е политичка, е ставот на пратеникот на Алијанса на Албанците Сурија Рашити. 

Рашити смета дека е нелогично правата на Албанците во земјава да зависат од процент пишан во Уставот, па затоа бара бришење на овој дел од највисокиот правен акт во државава.

Пописот по природа е техничко – оперативна работа, статистичка. Единствена земја каде што пописот е политичка работа е Македонија. Баш сега сме во тек на уставните промени, одредени права на одредена етничка заедница се ограничени со процент 20%. Кога имаме ваква ситуација, тенденцијата за да се изманипулира резултатот на таков попис секогаш постои. Албанците сакаат да се покажат повеќе отколку што реално се.

Од другата страна, Македонците би сакале Албанците да се помалку од 20%, за да се одбегне таа можна реализација на тие одредени права што се предвидени со тие 20%. И во таква ситуација, веродостојноста на тие резултати никогаш не би била онаа што е потребна. Затоа ние сега предлагаме со уставните измени, таа категорија 20% апсолутно што ја нема во ниеден Устав во светот да се избрише. – изјави Рашити.

Со ова паѓаат во вода најавите на Државниот завод за статистика, можностите за реализирање на Попис без етничка графа кога единствено таа ги регулира пропишаните права на етничките заедници во Македонија.

Никаде нема категорија 20%. Не е предвидена со меѓународни конвенции. Имам разбирање за историскиот контекст тогаш кога се донесе Уставот. Беше веднаш по конфликт. Беше последица на еден меѓународен договор, рамковен договор. кој имаше за цел да го оконча, или да го затвори тој конфликт, кој ако продолжеше од оваа временска дистанца, никој не можеше со сигурност да каже каде ќе не одведеше тоа како држава. Сега сме 2018 година и такви апсолутни ставови, категории во Уставот дека одредени права со уставот се гарантираат, ова со процентот од 20% треба да се елиминира. Тоа е нашето барање сега при уставните промени.- истакна Рашити.

Според него и 20 отсто е дискутабилна бројка.

Што би се сменило од аспект на потенцијалите, капацитетите на Албанците ако нивната бројка се движи од 20.1 кон 19.9%? Ништо! – рече Рашити.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.