Со најавата на Попис без етничка припадност, власта најави официјализирање на една држава на Албанскиот и Македонскиот народ во која на национално ниво се воведува билингвалност

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 ноември, 2018 9:57

Попис без етничка припадност е спротивен со Уставот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Спроведувањето Попис по 18 години, при што Македонија е светски рекорден во непочитување на оваа уставна категорија, без графата етничка припадност, го крши Уставот и ги правни ништовни низата негови витални членови.

Имено Државниот завод за статистика дециден дека Попис конечно ќе има, но нема да се знае кој е кој.

Пописот на населението во Македонија ќе се спроведе во април 2020 година. Планирано е да бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи на осум јазици, при што ќе се користи комбиниран метод: податоци на терен и податоци од регистри. – изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Комбинираниот метод, како што појасни тој, се базира на податоци добиени на терен преку индивидуално попишување со податоци од претпописна статистичка база на податоци добиени од постоечки регистри што се поврзани со користење единствен матичен број награѓаните.

За изградба на претстојната пописна база ќе се користат податоци од Министерството за информатичко општество и администрација, МВР, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Фондот за здравствено осигурување, Министерството за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, Централен регистар, УЈП, Министерство за здравство и Министерство за надворешни работи.

Според Симовски, пописот ќе чини 8,5 милиони евра, од кои 3,5 милиони евра ќе бидат за Пилот пописот што ќе биде спроведен во април 2019 година и за набавка на опрема, а пет милиони евра за лицата што ќе бидат ангажирани за спроведување на пописот во 2020 година.

На предлог од Државниот завод за статистика во нацрт верзијата на законот за попис се бара да нема прашање за етничка и за верска припадност за пописот да се заштити од политизација, туку да има прашање за јазикот, односно за јазикот што вообичаено се зборува во домаќинството и за мајчиниот јазик.

Податокот за етничка припадност нема никаква употребна вредност, туку само се злоупотребува за политички цели и поради тоа стојам на ставот дека тој не треба да биде дел од пописот. – рече Симовски.

Нацрт законот за попис најдоцна во понеделник ќе биде ставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи на РМ (ЕНЕР) со цел да се добијат забелешки доколку има по текстот на законот, до крајот на годинава се очекува законот да ја помине владината процедура, а во февруари идната година да биде донесен и од Собранието.

Меѓутоа согласно Уставот на Македонија и дел од актуелните 32 амандмани на истот, токму етничката припадност ги уредува низата членови за правата на етничките заедници, употребата на нивниот мајчин јазик и писмо, користењето на загарантирани национални квоти.

И тоа за Симовски е небитно.

Подготвува ли владата на Заев нови корекции на уставот со кои ќе се бришат потребните 20 отсто припадници на одредена етничка заедница за поголеми општествени права согласно Уставот т.е. воведување на една држава на два народи, Северно Македонскиот и Албанскиот, билингвална на национално ниво?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.