Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Објавил: Владо Марин | 21 јануари, 2021 15:07

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи во април годинава. Општиот претрес за овој закон заврши минатата недела, но поради немање кворум гласањето се одржа денеска.

Пред гласањето, процедурално се обрати пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива (коалиција со Алијанса за Албанците), кој рече дека ќе го поддржат Законот бидејќи бил важен за граѓаните, иако, како што рече, не биле земени предвид нивните барања.
Според него, со постојното законско решение – правата на Албанците ќе зависат од пописот.
„Ние баравме да не стои воопшто етничката графа во Законот за попис или во Уставот да се тргне формулацијата јазикот што го говорат над 20 проценти од граѓаните. Нашите забелешки беа и за методологијата, која не е воопшто објаснета“, рече Реџепи.

Kоординаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека на владејачкото мнозинство му недостасува повеќе од еден пратеник, на што собранискиот спикер Талат Џафери му одговори дека гласањето ќе покаже дали има доволно пратеници.

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен. Тој го критикуваше и постоењето на врзан потпис на директорот и заменик-директорот на Заводот  за статистика, за што Џафери реагираше дека е производ од пржинскиот договор.

„Законот пак е во скратена постапка со козметички измени. Изминативе денови се лицитира со проценти и признавање, односно непризнавање на резултатите на пописот, што ми дава за право дека нашите забелешки се оправдани и дека повеќето забелешки, меѓу кои и врзаниот потпис на директорот и заменик-директорот и дека пописот од статистичка, преминува во политичка операција. Ваквото решение нема да биде објективно или фер, пописот нема да биде реален. Го истуркавте решението на сила и не е прифатен ниту еден од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и ефектите ќе се видат наскоро, а одговорноста ќе биде ваша, ние нема да учествуваме во гласањето“, порача Мицевски.

Повеќе на овој ЛИНК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...