Какви и да се изјавите на актуелниот директор на ДЗС, Апостол Симовски, сепак треба да знае дека попис без етничка припадност не е попис туку политича одлука на ДУИ

Објавил: Мартин Попоски | 18 декември, 2018 12:10

Попис по партиска желботека нема да има, Уставот е јасен

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Попис е редовна статистичка операција во секоја нормална држава со нормално функционирање на законите, со нормална власт и нормални институции.

Во сите досегашни пописи постоело прашањето за етничка припадност и тоа е слободно изјаснување на граѓанинот согласно Устав.

Меѓутоа треба да се има и во предвид дека секако јавноста и граѓаните се доста заинтересирани за прашањето на етничката припадност, секако колку сме, какви сме, посочува Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика.

Герасимовски образложи дека во препораките за етничката припадност стојат етно-културошки карактеристики.

Овие етно-културошки карактеристики спаѓаат етничката припадност која е споредбен белег, потоа е религиозната припадност која е споредбен белег и јазикот односно мајчиниот јазик кој исто така е споредбен белег. Затоа во препораките има главни споредбени изведени белези. Потребите се или препораките секогаш велат задолжително да се применуваат меѓународните стандарди, регионалните, а треба да се има во предвид и локалните.

Тоа што значи доколку државата има потреба за било која карактеристики или белег внатре бидејќи податоците се добиваат од белезите кои што ќе бидат навадени во прашалникот, во образецот или онака кој ќе оди сега како апликација за внесувањето на податоците по електронски пат. Тоа значи тие сите податоци ќе се прибираат во тие белези. – потенцираше Герасимовски.

Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни, ажурни и меѓународно споредливи статистички податоци за населението, домаќинствата и становите за задоволување на потребите на корисниците во државата и во странство.

Пописот е најобемно статистичко истражување во однос на единиците што се попишуваат и најмасовно во однос на бројот на учесниците што учествуваат во неговото спроведување. Пописот се подготвува неколку години пред неговото спроведување на терен, а податоците се обработуваат подолг временски период по прибирањето од теренот.

Првиот современ попис на територијата на Република Македонија е спроведен во 1921 година. По Втората светска војна, во Република Македонија се спроведени 8 пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година. Пописот во 1991 година беше со нецелосен опфат и затоа во 1994 година повторно е спроведен попис во истата декада. Пописот во 1994 година е прв попис во Република Македонија по нејзиното осамостојување.

Пописот во 2002 година е последниот спроведен попис во Република Македонија по што беше направен обид во 2011 година кој беше приказна сам по себе. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...