Во овој момент се уште не е познат мотивот на убиството, но спрема несигурни информации Ѓурѓев бил нервно растроен.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 февруари, 2019 20:16

Попладнево убиен директорот на АМСС во Србија, од нервно растроен човек

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Генералниот секретар на Авто мото сојузот на Србија Предраг Ѓурѓев, денеска со 8 испукани куршуми од пиштол, го уби претседателот на АМСС Мирко Бутулија, а после тоа седнал во неговата фотеља и извршил самоубиство.

Во овој момент се уште не е познат мотивот на убиството, но спрема несигурни информации Ѓурѓев бил нервно растроен.

Спрема соопштението на српската полиција околу 14:40 часот, пријавено е убиство во зградата. Во Авто мото сојузот на Србија во Рузвелтова улица, се слушнало пукање од оружје и веднаш почнала да се шири паника меѓу луѓето, кои се наоѓале во близина на местото.

Убиецот Ѓурѓев од левата страна, а жртвата е на десна страна, Мирко Бутулија, инаку татко на четири малолетни деца. Бутулија беше прв човек од Балканот член на управниот одбор ФИА Регија 1, една од четирите регии кои ја сочинуваат меѓународната автомобилска федерација ФИА. Беше претседател на ракометниот клуб Црвена Звезда, која ја постави на здрави нозе.

Полицијата одма излегла на лице место, а спрема првите информации П.Ѓ (1976) испукал повеќе куршуми во правецот на М.Б, и во таа прилика тешко го ранил. После тоа, тој извршил самоубиство, а додека повредениот М.Б во тешка здравствена состојба бил однесен во Ургентниот центар.

Мирко Бутулија е роден 19 септември во 1976 година. Татко е на четири малолетни деца. Млад човек, кој бил секогаш виден во светот на бизнисот, човек од збор и доверба. Има постигнато голем број успеси во Србија и насекаде во светот. 

На чело на АМСС се наоѓал од 22 јули 2014 година и со неговиот мандат, Авто мото сојузот се развил во секоја смисла. Тој беше најуспешен претседател на АМСС во историјата, изјавиле вработените.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...