Според Лилјана Поповска, бојкотот може да се случи доколку кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, освои помалку гласови од кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

Објавил: admin@magazin | 30 март, 2019 10:16

Поповска: „Ако победи Пендаровски во првиот круг, опозицијата ќе ги бојкотира изборите поради загубата„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Поранешната претседателка на партијата ДОМ, Лилјана Поповска, вели дека постои опасност опозицијата да го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

Според Лилјана Поповска, бојкотот може да се случи доколку кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, освои помалку гласови од кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

Таа во дебатата на „Само вистина„ на Канал 5 рече дека е плаши како ќе реагира опозицијата, бидејќи може да се случи со свесни провокации при послаб резултат од очекуваниот да излезе со тврдење дека изборите биле наместени, дека не ги признаваат.

Лилјана Поповска е македонска политичарка и поранешен претседател на партијата ДОМ.

Поповска предвидува можен бојкот во втор круг ако биде голема разликата по првиот круг во полза на кандидатот Пендаровски. На дебатата рече дека се плаши опозицијата да не ја направи таа грешка. Тоа би била огромна грешка за Македонија и за самата опозиција.

Ќе влеземе во вакум простор и ќе си наштетиме, изјави Лилјана Поповска.

Од претходната година Поповска не е повеќе претседателка на партијата ДОМ, пратеничката Маја Морачанин во октомври 2018 година едногласно беше избрана за претседателка на ДОМ, на Четвртиот конгрес на партијата, кој се одржа под мотото „Зелени вредности – трајна визија“, а на кој присуствуваа 300 делегати.

Поповска има дипломирано на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (органска хемија), каде што се има стекнато и со титулата магистер по технички науки. Покрај македонски, зборува и англиски и словенечки јазик.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести