Гнев помеѓу поранешни високи функционери во СДСМ поради катастрофалниот почеток на кампањата за референдумот

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 6:59

Поповски до Жбогар: “Срам да ви е! Јазикот на Конески има име, Македонски е!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Г-дине Жбогар “јазикот на Конески” има име и е Mакедонски, изреагира поранешниот пратеник, министер за финансии и претседател на Собранието на Република Македонија од СДСМ, Никола Поповски.

Жбогар е словенечки политичар и дипломат. Најголем политички успех му е што бил школски другар со поранешниот премиер на Словенија Пахор. Во дипломатијата е 22 години како амбасадор на Словенија во Кина па заменик амбасадор во САД. Избран е и за заменик претставник во Советот на безбедност на ОН од Словенија. Од 2008 до 2011 година е Министер за надворешни работи во владата на Пахор. Последно бил директор на канцеларијата на ЕУ во Косово по што доаѓа во Македонија. 

Како Словенец засрамете се. Ако мислите со вакви финти да се провлекувате до референдумот а во негова корист – грешите. Ги стимулирате неговите опоненти. 

Евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар на почетокот на кампањата за серијата дијалози со граѓаните „Замисли иднина заедно!“, што во следните неколку седмици ќе се спроведува во повеќе градови во земјава, „заборави“ како се нарекува јазикот во земјата во која е на служба.

„Нашата цел е да слушаме и да ги разбереме вашите грижи во врска со процесот на ЕУ. Сакаме да ги споделиме придобивките од тоа да се биде земја членка, да се биде еднаков дел на поширокото семејство, а со тоа јазикот на Блаже Коневски, Матеја Матевски и Лидија Димковска, да стане официјален јазик на Европската унија преведен како никогаш порано.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести