Политичките лидери на земјава на неформалната лидерска средба пред една недела цврсто се изјаснија дека, и покрај сè, нема да ја напуштат евроатлантската ориентација.

Објавил: admin@magazin | 30 октомври, 2019 21:01

ПОПОВСКИ: Има ли прегратка за Македонија?Западот го сакаме, но тој засега сè уште не нè запишува!

Фото/Текст извор: ©независен

Се сеќава ли некој кога Русите и Србите последен пат пред октомври 2019 година одржале заеднички воени вежби? Веројатно во октомври 1944 година кога Црвената армија им го ослободи од нацистите и домашните колаборационисти и им го врачи слободен Белград на политичките сили со лева ориентација во Србија, па продолжи кон Будимпешта и Виена.

Оваа сегашнава вежба што се одржува во многу незгоден момент за Балканот и згора на тоа уште и провокативно и пркосно се нарекува „Словенскиот штит 2019” со своето име и цел испраќа многу важни и интересни пораки кон соседството, Балканот, Европа, Евроазија и светот.

Русија, од своја страна, се одлучи токму во Србија, која има значајни граници со НАТО кон Бугарија, Романија, Унгарија и Хрватска, за прв пат надвор од својата земја да ги покаже моќните ракетни одбранбени системи за противвоздушна одбрана. Во исто време, веднаш по важната посета на рускиот премиер Димитри Медведев, Србија, која постепено но сигурно ги преговара и едно по едно ги затвора поглавјата од постапката за зачленување во ЕУ, објавува дека пристапува кон Договорот за слободна трговија на Евроазискиот економски сојуз во чии рамки функционира тој договор и во кој главни партнери и основачи од мај 2015 година се Русија, Белорусија, Казахстан, а на кои подоцна им пристапија и Ерменија и Киргистан како познати „проевропски“ ориентирани држави.

За таа прилика само пред една недела претседателката на српската влада Ана Брнабиќ замина во Москва и го потпиша Договорот за слободна трговија. За волја на вистината, согласно со Спогодбата за стабилизација и придружување со Европската Унија, Србија има право на договори за слободна трговија со меѓународни организации и поединечни земји сè до влегувањето во ЕУ, но тогаш ќе мора да ги раскине тие договори со сите трети земји или други организации. Ви се чини ли дека овој договор е еден од многуте такви?

Да потсетиме дека по одбивањето да се донесе одлука за почнување на преговори меѓу ЕУ и Македонија пред десетина дена, српскиот претседател јавно порача дека однесувањето на ЕУ е важно да се следи бидејќи таа иста ЕУ бара од Србија да го признае Косово како независна држава и потоа Косово да стане полноправна членка на ОН. Имено, тој соопшти дека Србија треба да биде многу претпазлива за да не ја доживее судбината на Македонија која за да почне преговори за членство дури си го смени и своето име, но пак беше изиграна и отфрлена. Тоа може да ѝ се случи и на Србија откако би се истрчала со признавање на Косово, смета тој. Но, да не должиме.

Тоа што деновиве со серија свои координирани чекори (политички, воени, економски и дипломатски) го направи Србија е многу сериозно поместување на Балканот и Европа. По трауматичниот период од почетокот на 90-тите години на минатиот век кога сите држави на нашиов континент консензуално се изјаснија и се ориентираа кон евроатлантските интеграции, ова е прва држава по Белорусија која јавно и јасно, што појасно не може да биде, соопштува дека стратегиски се врти кон евроазиското (читај: руско), а не евроатлантското (читај: западноевропско-американско) интегрирање.

Сега да се вратиме на нашата мила Македонија. Политичките лидери на земјава на неформалната лидерска средба пред една недела цврсто се изјаснија дека, и покрај сè, нема да ја напуштат евроатлантската ориентација и продолжувањето на патот на развојот и реформите онака како што тоа од нас го бараат ЕУ и САД. Тие се свесни дека во и со таа навидум лесна политичка сложувалка веќе не е сè така лесно и едноставно и дека нема некои пресметливи чекори, но сеедно, се изјаснија. Претседателот на државава, попатно од Тирана повика и на одржување на мини западнобалкански самит во обид преостанатите шест држави не-членки на ЕУ да се изјаснат на верност кон евроатлантските интеграции, но повикот е засенет од однесувањето на малата европска но најголемата од шесте западнобалкански држави – Србија. Таа веќе има и втор правец во кој, според нивното убедување, се чувствува посигурна.

ЕУ, претставувана од Макрон, неодамна јасно соопшти дека надежите за проширување на ЕУ со шесте држави од регионов се ставени на некаков стенд-бај за кој и самите не знаат што е и каков ќе е, но тој секако ќе потрае многу.

Во ред, но се чини дека можеби останаа само пет држави. Едната некаде заминува. Сега веќе е доцна за ЕУ да размислува што е тоа што Бугарија или Романија и Хрватска го имаат, а Србија го нема, па мора со години да преговара и да ѝ се соопшти дека тоа можеби води кон – никаде. Животот и владеењето во Бугарија, на пример, воопшто не се разликуваат од оној на нејзините непосредни западни соседи, но нејзиниот неуспех да испорача што од тоа што требаше или што самата го вети кон ЕУ сега се претвори во казна за другите. Кога не се сигурни за нешто тие од ЕУ покажуваат со прст кон Бугарија и велат: „Не сакаме и други вакви земји“. Во ред, не сакате, но отсега бидете подготвени и тие да не ве сакаат вас такви какви што сте.

Впрочем затоа и Велика Британија си оди со својот Брегзит. Обединетото Кралство веќе не ја сака ЕУ таква каква што е и затоа замина. Некаде. Веројатно кон западниот брег на океанот на кој излегува и таму ќе си ја бара среќата со некој со кого ќе може да се разбере, а таков сега имаат во ликот и делото на претседателот на САД кој им вети договор за слободна трговија „каков што досега не е даден на никого“ и цврста стратешка безбедносна и воена заштита.
Да не должиме.

Незадоволни од ЕУ, Британците си заминаа и итаат кон запад, а Србите постепено заминуваат уште и невлезени, но тие итаат кон исток. На ЕУ сега ѝ е потребен уште некој сличен случај со некоја друга европска држава и да сфатат дека е крајно време да си го стават прстот на чело и да размислат дали тоа што го прават е во нивен интерес или од претходните генерации в раце добиле нешто што ги надминува нивните способности и особено визии. Додека, на пример, Франција носи одлука дека неполни два милиони македонски граѓани би можеле да се опасност за неа и за ЕУ, во исто време секоја година над 1,5 милиони граѓани од Африка и Азија пристапуваат кон земјите од ЕУ како имигранти – бегалци, иако нивниот начин на живот и навики се сè освен „европски начин и модел на живот“ што Франција толку сака да го заштити.

Впрочем, кога тоа сакаше да го направи Велика Британија во текот на 2015 и 2016 година за себе, таа беше брутално надгласувана од другите, вклучувајќи ја и Франција, поради што тие сега си заминуваат со Брегзитот, со кој, патем, во смисла на знаење што точно сакаат и што прават, не се прославија многу.
Во ЕУ сега им е многу јасно дека поради глупоста со имигрантите ја изгубија Британија од Унијата, но за нив е доцна. Може да им биде доцна и кога ќе сфатат дека поради глупост ја туркаат Србија подалеку од себе и ја даваат во „мечкина“ прегратка, но уште поважно, ја донесоа „мечката“ во својот двор. А за Македонија?

Има ли за неа нечија прегратка? Западот го сакаме, но тој засега сè уште не нè запишува, а Истокот нè запишува и ни се нуди, но ние не го сакаме. Така е денес.

Никола Поповски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...