-Зоран Заев вети изградба на студентски град во првите шест месеци од нивниот мандат и излажа.

Објавил: admin@magazin | 1 април, 2019 15:11

Попов: „За 1 ви април му доделуваме пехар на Заев за најголем лажго на денешницата„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Се наоѓаме пред седиштето на СДСМ – Палатата на лагата. Овде сме да му го честитаме 1 април, светскиот ден на лагата, на најголемиот лажго на денешницата – Зоран Заев.

Членот на извршниот комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ, Сергеј Попов рече по повод 1 април, светскиот ден на лагата му доделуваат на Зоран Заев пехар за најголем лажго на денешницата.

Попов рече дека Заев е политичарот кој се колнеше во дедовината, кој велеше дека додека дише нема да го смени уставното име на државата, молеше да не му се чепка жицата кога станува збор за Македонија, за само по неколку месеци без око да му трепне спротивно на волјата на граѓаните да го промени уставното име.

.Зоран Заев вети изградба на студентски град во првите шест месеци од нивниот мандат и излажа. Тој вети подобрување на стандардот кај младите. Младинската невработеност во Македонија со над 50% е највисока во регионот, потенцираше Попов и додаде:
„Зоран Заев вети намалување на сиромаштијата, а СДСМ преку соопштение призна дека бројот на граѓани кои живеат на прагот на сиромаштија од 400.000 во времето на ВМРО-ДПМНЕ е порасна на 500.000, откако е СДСМ на власт. Листата на лаги е преголема за може да се собере на еден лист хартија. Токму затоа по повод најмногу искажани лаги за период од две години му доделуваме на Зоран Заев пехар за најголем лажго.“

Попов рече дека премиерот Заев, вети дека граѓаните ќе имаат 500 евра просечна плата и излажа.

Вети 600 километри нови автопатишта, излажа. Заев вети 100.000 денари плата за лекарите и излажа. Вети поврат на 15% ДДВ, излажа. Зоран Заев вети бесплатно болничко лекување за сите, излажа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести