Орце Камчев, во март, кога му беше одреден првиот притвор, негираше дека сакал да бега, иако за тоа според тврдењата обвинителката Лиле Стефанова и Судот добиле допис од Агенцијата за национална безбедност.

Објавил: Владо Марин | 1 јули, 2021 6:46

Поради здравствени проблеми обвинетиот Орце Камчев пренесен на Кардиологија

Фото/Текст извор: ©360/фото: МИА

Бизнисменот Јордан Камчев, обвинет за случајот „Плацеви на Водно“ од истражниот затвор во Шутка бил префрлен на Клиниката за кардиологија откако се пожалил на болки во градите и на гушење.

Од Казнено поправната установа- Затвор Скопје потврдуваат дека поради здравствените проблеми, обвинетиот Камчев е хоспитализиран. Оттаму велат дека очекуваат да му бидат извршени сите испитувања и со адекватна терапија да се направи обид да му се стабилизира состојбата.

Пред повеќе од една недела на Камчев му се одредени нови 30 дена притвор за предметот „Плацеви на Водно“ поради опасност од бегство. Судењето против него се очекува да почне на 16 јули.

Орце Камчев, во март, кога му беше одреден првиот притвор, негираше дека сакал да бега, иако за тоа според тврдењата обвинителката Лиле Стефанова и Судот добиле допис од Агенцијата за национална безбедност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести