Миграција ги изложува многу луѓе на голема опасност и многу од мигрантите починале обидувајќи се да преминат пустини или шуми.

Објавил: admin@magazin | 20 декември, 2018 7:52

Поради конфликти и војни,околу 40 милиони луѓе се раселени по светот

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вчера беше Меѓународен ден на мигрантите, а ОН повикаа државите да се однесуваат со почит кон овие лица бидејќи се незаштитени и сами.

Агенцијата за миграција на Обединетите нации, по повод вчерашниот Меѓународен ден на мигрантите, ги повикаа државите од целиот свет да ги третираат овие лица со почит и разбирање за нивната состојба.

Во овие осумнаесет години  бројот на меѓународните мигранти се зголеми на околу 258 милиони луѓе. Уште 40 милиони луѓе се во моментов внатрешно раселени заради конфликти, и секоја година милиони други (18,8 милиони во 2017 година) се присилени да ги напуштат домовите заради климатски катастрофи и природни ризици.

Околу 150 милиони луѓе мигрирале во 2000-та година, а сега 18 години подоцна оваа бројка изнесува 258 милиони мигранти.
Многу луѓе мигрираат поради економски причини, некои бегаат од насилство и се изложени во многу тешки ситуации.Според ОН околу 40 милиони луѓе се раселени поради конфликт.

Миграција ги изложува многу луѓе од светот на преголема опасност. Податоците на ИОМ покажуваат дека близу 3.400 мигранти и бегалци веќе ги загубиле животите ширум светот во 2018 година. Повеќето од мигрантите загинале во обид да стигнат до Европа по морски пат. Многу од останатите починале обидувајќи се да преминат пустини и густи шуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...