„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 26.06.2021 (сабота), поради одржување на „Парада на гордоста“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Објавил: Владо Марин | 25 јуни, 2021 17:49

Поради „Парада на гордоста“, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Фото/Текст извор: ©фокус

Градот Скопје утре ќе биде под посебен сообраќаен режим затоа што ќе се одржи „Парадата на гордоста“ и сообраќајот ќе се пренасочува кон други улици.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 26.06.2021 (сабота), поради одржување на „Парада на гордоста“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Притоа, предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12.00 часот е по ул.„Димитрије Чуповски“, свртување на ул.„Даме Груев“ и бул.„ВМРО“ кон Владата на РСМ, па по бул.„Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17.00 часот.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.