Македонските одбојкари загубија на гостувањето во Украина со 3:1 во 5.коло од квалификациите за Европското првенство.

Објавил: admin@magazin | 7 јануари, 2019 17:53

ПОРАЗ : Македонските одбојкари загубија од Украина

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Репрезентацијата на Македонија вечера загуби на гостувањето во Запорожје кај Украина со 3:1 во 5.коло од квалификациите за Европското првенство.

Првите два сета ги доби Украина со 25:19 и 28:26, следуваа моменти на „црвено-жолтите“ и радост во третиот сет по 25:23, за во четвртиот сет домаќините да го решат мечот по 25:23.

Македонските одбојкари по овој пораз значително ги намалија шансите за пласман на евро-шампионатот, со оглед на победата на Швајцарија против Унгарија на другиот натпревар од оваа рунда во Ф-групата.
Македонија на 9 јануари ќе брка победа против Унгарија и ќе чека поволни резултати на натпреварите во другите групи за да биде меѓу второпласираните што ќе одат на ЕП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.