На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничниот премин Богородица, каде времето на чекање е од 30-45 мин.

Објавил: Перо Милчин | 7 септември, 2019 10:59

ПОРАКА ДО ВОЗАЧИТЕ: Влажни коловози на државните патишта!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Сообраќајот на патиштата во Македонија се одвива по наместа влажни коловози.

Како што јавуваат од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничниот премин Богородица, каде времето на чекање е од 30-45 мин.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести