Во Костарика приведени поранешните министерка за туризам на Романија, Елена Удреа и шефицата на Дирекцијата за борба против организираниот криминал и тероризм Алина Бика

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 11:06

Поранешната романска министерка за туризам Удреа приведена во Костарика

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешната министерка за туризам на Романија, Елена Удреа е проведена во Костарика врз основа на меѓунардона потерница издадена од романските власти.

Заедно со Удреа е приведена и поранешната раководителка на Дирекцијата за борба против организираниот криминал и тероризмот Алина Бика.

Удреа и Бика во Романија се осудени за корупција на шест, односно четири години затвор, но бидејќи беа недостапни за властите, Романија распиша црвена меѓународна потреница по нив преку Интерпол.

Двете поранешни романски функционерки чекаат да бидат изведен пред Суд, кој ќе треба да реши за романското барање за нивна екстрадиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.