Томор Морина беше уапсен минатата недела, на граничниот премин Блаце, поради распишана потерница од страна на Интерпол, откако властите во Србија побараа негова екстрадиција бидејќи го сомничат за злосторства врз цивили на Косово.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јули, 2019 15:27

Поранешниот припадник на УЧК Томор Морина излегува од притвор!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Томор Морина, поранешниот припадник на УЧК, на кој му беше одреден 30 дневен притвор,  во Македонија, утре ќе биде ослободен, со што ќе може да се брани од слобода, дознава алсат од адвокатот на Морина, Насер Рауфи.

Томор Морина е поранешен припадник  на УЧК

Томор Морина беше уапсен минатата недела, на граничниот премин Блаце, поради распишана потерница од страна на Интерпол, откако властите во Србија побараа негова екстрадиција бидејќи го сомничат за злосторства врз цивили на Косово.

За тв Алсат, адвокатот Рауфи, изјави дека поднел барање мерката притвор да биде заменета со други мерки на претпазливост, односно да се овозможи Томор Морина да се брани од слобода.

На Морина му беше одредена мерка притвор од 30 дена поради основи од член 165. ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка. Во однос на постапката за екстрадиција одлучува надлежното Министерство за правда.

-Денеска  пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, спроведено е едно лице со предлог од Јјавното обвинителство за определување мерка притвор поради екстрадиција по распишана меѓународна потерница на Интерпол – Србија. По сослушување на лицето во присуство не неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите во предлогот, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот и на Т.М. му определи мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП, а во однос на постапката за екстрадиција одлучува надлежното Министерство за правда, истакнаа од Кривичниот суд веднаш по одредување на мерката притвор за Морина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести