Интересно е што Еклстон веќе има пет внуци, а ќе наполни 90 години во октомври.

Објавил: Перо Милчин | 4 април, 2020 16:50

Поранешниот сопственик на ФОРМУЛА 1, Берни Еклстоун ќе постане татко на 90 години!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот сопственик на Формула 1 Берни Еклстоун (89) по четврти пат треба да стане татко со својата сопруга Фабијан Флоси (44), пренесуваат британските медиуми.

Интересно е што Еклстоун веќе има пет внуци, а ќе наполни 90 години во октомври. Берни беше во брак три пати. Првпат се оженил во 1952 година, со Ајви Бамфорд, со кого има ќерка, Дебора (65). За јавноста е непознато кога Еклстон се разведе од неа.

Следниот брак на Берни беше со Ријека Славица Радиќ. Двајцата се венчаа во 1985 година и се разведоа во 2009 година. Берни и Славица имаат две деца, Петар (29) и Тамар (35).

Конечно, Еклстоун се ожени со Фабијан Флоси, Потпретседателка на маркетингот Grand Prix во Бразил во 2012 година.
Според светските медиуми, неговото богатство се проценува на 3,2 милијарди долари.

Ф1-трките се голем телевизиски настан следен од милиони луѓе во двесте земји. Натпреварувањето е регулирано од ФИА, а комерцијалните права за Ф1 се пренесени на Групата Формула Еден.

Формула 1, скратено Ф1, е највисоката класа на автотрки според Меѓународната федерација за автомобилизам (ФИА) — врховниот светски орган за автоспорт. Името „формула“ доаѓа од низата одредби и правила кои сите учесници и возила мора да ги задоволат за да учествуваат во натпреварувањето.

Првенството на Ф1 се состои од низа трки познати како Голема награда кои се одржуваат во текот на секоја година, обично од март до ноември, на наменски изградени писти, а во неколку случаи и на градски улици. Резултатите од сите трки се комбинираат за да се добие вкупниот победник на првенството за возачи и за конструктори.
Возилата се тркаат со големи брзини на мошне сложени виулести патеки. Постигнуваат брзини над 320 км/ч.

Дизајнот на возилата постојано се менува и напредува во поглед на електрониката, аеродинамиката, амортизацијата и пневматиците.
Иако Ф1-трките и најголемиот дел од конструкторите потекнуваат од Европа, Големи награди се одржуваат низ целиот свет. Некои од трките во Европа и Америка се заменети со Бахреин, Кина, Малезија и Турција, а од 2010 г. и Индија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.