Има надеж за човечкиот род во светот кога би постоеле повеќе политичари како Хозе Мухика

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 9:40

Поранешниот уругвајски претседател одби да прима пензија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот претседател на Уругвај Хозе Мухика кој додека ја извршуваше функцијата беше познат “како најсиромашен претседател на светот” одби да ја прима пензијата што му следува за годините додека беше член на уругвајскиот Сенат.

Мухика во вторникот поднесе оставка на функцијата сенатор која ја презеде по истекот на неговиот претседателски мандат во 2015-та година по што најави дека ќе се откаже од пензијата што законски му следува.

“Мотивите за мојата оставка се лични. Би го нарекол тоа умор по долгото патување. Секако дека додека мојот мозок функционира не можам да се откажам од солидарноста и борбата за идеи.” – наведе Мухика во оставката доставена до претседателската на Сенатот Луција Тополански со која е во брак веќе 13 години.

За време на својот претседателски мандат од 2010-та до 2015-та година 83-годишниот Мухика поголемиот дел од својата плата ја даваше во добротворни цели.

Единствено нешто што поседуваше кога ја презема должноста шеф на државата беше автомобил марка “Фолксваген буба” од 1987 година за кој во 2014-та година му беа понудени милион долари но Мухика го одби предлогот со образложение дека ако го продаде возилото ќе нема со што да го вози неговото куче кое има три нозе.

Мухика изјави дека иако моежби делува како “сенилен старец” сепак таквиот начин на живот е негов слободен избор и дека сега по оставката планира повеќе време да минува на неговата фарма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.