СИТЕ БОМБИ СЕ ДАДЕНИ НА СЈО, ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ИСПИТААТ КОЈ ГИ ПУШТИЛ СНИМКИТЕ НА МИЛОШОСКИ СО ВАНГЕЛОВСКИ, РЕЧЕ ПРИВРЕМЕНИОТ ПРЕМИЕР СПАСОВСКИ

Објавил: Македонка Димкин | 7 март, 2020 12:36

Поранешниот шеф на полицијата: Милошоски лаже, Зоран Заев ги предаде сите снимки!?

Фото/Текст извор: ©принтскрин гугл / магазин

Техничкиот премиер Оливер Спасовски и поранешен прв човек на МВР, вели дека сите бомби СДСМ ги предал на Специјалното јавно обвинителство и ги повика институциите да истражеле кој тоа ги пуштил снимките меѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и неправосилно разрешениот претседател на Врховен суд Јово Вангеловски.

„Сѐ е предадено во СЈО и нема ништо останато во седиштето на партијата, ниту пак има потреба. Јас не ги слушнав снимките, но знам дека се објавени. Ги повикувам институциите да истражат од каде и зошто се пуштени. Треба да има нулта толеранција за оваа работа. Институциите и државните органи треба да си ја завршат работата, да преземат мерки и санкции“, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата за растот на бруто домашниот производ.

Од друга страна пак, наши информации тврдат дека е многу лесно да се истражи кој тоа ги постирал снимките за пратеникот Милошоски. Имено и кој да постирал може да се најде по таканаречената IP адреса која се вчитува кај Јутубе.

Вчера попладне на каналот Јутјуб беа објавени 5 телефонски разговори на Антонијо Милошоски со експретседателот на Врховен суд Јово Вангеловски и со уште еден врховен судија и едно женско лице. На петте снимки се слуша како Милошоски ургира кај тогашниот претседател на Врховен суд Вангеловски, во врска со предмет на Здружение на возачи Кичево, во кој е вмешан неговиот татко.

Заев уште во Април 2019 најави борба на институциите против новите бомби, но до денес никој ништо, ниту пак соопштија кој ги пуштал бомбите, ниту пак видомве јавен обвинител да даде изјава до каде е истрагат а: Од министерот за внатрешни работи сум информиран дека тие ги преземаат сите дејствија и мерки во согласност со законот. Тие постапуваат, очекувам одлуки од Јавното обвинителство. Знам дека пред недела, две, исто така, имаше емитување на бомби што задираат и во приватноста и е поднесена соодветна кривична пријава од страна на Јавното обвинителство. Ако се повторуваат ваквите работи законот е јасен околу ова како постапуваат институциите. За мене е значајно институциите да постапуваат. Дали се тоа дел од разговорите, тоа што го имав слушнато, а ги немам слушнато сите разговори, малку ми стана и мачно после долго време, е од делот на пакетот што го предадов во СЈО, што секако само потврдува дека ние сме добиле само дел од тоа што на времето се правело како неовластено прислушување, и го имало на други страни. Но, добро е што има закони и се надевам дека институциите на системот ќе постапуваат строго по законите, рече Заев на новинарско прашање дали тие шест разговори се дел од бомбите што тој ги добил, дали МВР спроведува истрага, кој ги пуштил и каде, колку такви снимени разговори некој поседува и дали може да бидат злоупотребени.

На својот личен фејсбук профил вчера се обрати пратеникот Антонио Милошоски. Во овој период тој е актуелен поради јавното изнесување на снимки кои потврдуваат мешање на извршната во судската власт и кршење на основното начело на демократијата, – независното судство. Откако во јавноста ги пласираше снимките во кој главен актер е екс премерот на Македонија – Зоран Заев и тие сведочат за неговиот удел во корупцијата на системот, Милошоски беше повикан од страна на ОЈО да ги предаде сите материјали со цел да се увиди дали постои основано сомнение дека станува збор за повреда на правото. Доколку ОЈО врз база на снимките заклучи дека правото е повредено треба да покрене обвинение. 

Но наместо да ја чека одлуката на системот на правдата З.З, согласно наводите на Милошоски, објавил снимени материјали кои имаат за цел да го деградираат, да му направат притисок и да го замолчат. Интересно во обраќањето на Милошоски е тоа што тој изнесе сомнение дека снимките за кои З.З (со јасно алудирање на екс премиерот) тврдеше дека се предадени на СЈО и дека не поседува коппи, сеуште се средство за негова манипулација и уцена на пратениците. 

»Почитувани новинари,
вечерва беа објавени 5 од 6 мои снимки, нелегално направени од УБК во 2011 година, во времето на Мијалков.

Дозволете да Ве известам дека го знам лицето кое нелегално ги поседува копиите од сите снимки од СЈО, лично ја координира селекцијата и ја нарачува нивната објава. Тоа е лицето З.З., оној кој лажно тврдеше дека ги предал сите снимки на СЈО и дека не поседува копии од истите.

Господине З.З., со објавата на овие снимки докажавте дека без истите Вие не сте можеле да уценувате пратеници, да рекетирате стопанственици, да заплашувате сопственици на медиуми, и да бидете и обвинител, и премиер, и судија истовремено. Изгледа силно Ве здоболе објавата на двата материјали за вашите незаконитости, кои ми беа доставени од укажувач. И во право сте, допрва ќе ве боли.

Како дојдовте, така ќе си одите!
Укажувачите ќе стануваат се побројни и се посмели, а јас уште помотивиран и во служба на јавниот интерес.
Ќе Ве отворам како пупка!
Се слушаме наскоро #ТикТак 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.