Во согласност со Европската конвенција за заштита на човековите права, одлуката за помилување не може да се анулира, независно дали помилувањето во било која постапка или со било која одлука е ставено вон сила!

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 ноември, 2020 21:44

ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА, ПОМИЛУВАНИТЕ 56 ЛИЦА НА 12 АПРИЛ 2016 ГОДИНА ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД ОБВИНЕНИЕ И ЗАТВОР

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

НЕЗАВИСНО ОД ОДЛУКАТА НА УСТАВНИОТ СУД ПО ЧЛЕНОТ 11-А ОД ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ, ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА, ПОМИЛУВАНИТЕ 56 ЛИЦА НА 12 АПРИЛ 2016 ГОДИНА ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД ОБВИНЕНИЕ И ЗАТВОР, А ДРЖАВАТА МОРА ДА ИМ ПЛАТИ ОШТЕТА ОД БУЏЕТОТ!

Денес Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поништување на членот 11-а од Законот за помилување, затоа што не е во правниот поредок, важел само 30 дена од донесувањето, заклучно со 21 јуни 2016 година! Провладините медиуми одлуката на Уставниот суд ја дочекаа со насловите “Oстанува на сила поништената аболиција на Иванов, ќе продолжи да им се суди на обвинетите од страна на СЈО“.

Но, не е баш така!

Замислете, уставните судии решиле и дека “не смее да им се скрати правото на граѓаните за повлекување на аболиција, доколку сметаат дека можат својата невиност да ја докажат во судска постапка.“

Така е кога имате уставни судии на батерии со далечинско управување, во злосторничко здружение со Владата, па судат како што владата посакува, наспроти правата и слободите на граѓаните и правниот проедок на државата!

Денешната одлука на Уставниот суд нема никакво значење за епилогот од судските постапки против обвинетите од страна на СЈО и осудените по обвинение од СЈО, со тужби пред Европскиот суд за човекови права! За жал, уставните судии се уште ја држат во фиока иницијативата на Тодор Петров од 21 октомври 2015 година за поништување на Законот за СЈО, донесен на седница на Собранието одржана на 15 септември 2015 година!

Претходно, Уставниот суд го одлжи одлучувањето по иницијативата за поништување на членот 11-а од Законот за помилување, бидејќи гласањето на 6 ноември 2020 година беше нерешено: четири гласа “за“ наспроти четири гласа “против“.

Фалеше деветтиот уставен судија, откако на Владимир Стојановски му истече мандатот. Владата ја уфрли Добрила Кацарска во собраниска процедура за избор на уставен судија…

Со одлуката на Уставниот суд од 18 ноември 2020 година, со пет гласа “за“ наспроти три гласа “против“, членот 11 и членот 11-а остануваат во Законот за помилување.

Колку за потсетување, членот 11-а од Законот за помилување донесен на седница на Собранието одржана на 19 мај 2016 година гласи:

“(1) Претседателот на Републиката може во рок од 30 дена од денот на донесувањето на овој закон да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување.

(2) Претседателот не е должен да ја образложи одлуката од ставот 1.

(3) Лицето за кое е донесена одлука за помилување има право до претседателот на Републиката да поднесе барање за поништување на одлуката за негово помилување.

(4) Претседателот на Републиката е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот 3, да ја поништи донесената одлука.“

А, членот 11 од Законот за помилување донесен на седница на Собранието одржана на 25 март 1993 година, гласи: “Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано.“

Најважно од оваа папзјанија, е дека одлуката на Уставниот суд и не е важна, за целта која сака да ја оствари власта: да продолжат судските постапки против обвинетите по обвинителен акт на Специјалното јавно обвинителство, сега во надлежност на Јавното обвинителство на Македонија и да останат во затвор осудените по предметите во надлежност на поранешното Специјално јавно бовинителство!

И Владата и Уставниот суд и судовите и јавните обвинители во Македонија забораваат, дека одлуките на Европскиот суд за човекови права од Стразбур се обврзувачки за македонските судови!

Во согласност со Европската конвенција за заштита на човековите права, одлуката за помилување не може да се анулира, независно дали помилувањето во било која постапка или со било која одлука е ставено вон сила!

Одлуките за помилување со ослободување од гонење без спроведување на постапка за 56 лица, донесени од претседателот на Републиката Ѓорге Иванов на 12 април 2016 година, остануваат во сила, независно што подоцна под притисок на јавноста и Собранието, беа поништени на 27 мај и 6 јуни 2016 година од самиот Иванов!

А, тоа значи: Судот за човекови права во Стразбур одлучил, аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов, од 12 април 2016 година, со која од прогон се аболицирани 54 лица – важи, не е и не може да биде повлечена или укината! Со тоа, најголем дел од предметите кои сега се во фаза на судење по обвинение од СЈО односно ЈО паѓаат во вода, мора да се запрат, а обвинетите или осудените да бидат ослободени од прогон или казна. Одлуките на Европскиот суд за човекови права од Стразбур се обврзувачки за македонските судови.

Судот во Стразбур за својот став ја известил македонската влада уште на 14 септември 2020 година, и решил одлуката да се спроведе во две фази! Владата оваа информација досега ја криеше од јавноста, подоцна се разоткри! Првата фаза е да се наложи на извршната и судска власт да најдат начин спогодбено да се спроведе одлуката од Стразбур во договор помеѓу правосудниот систем и прогонетиот, односно обвинетите или осудените.

Рок за ова е до 20 декември 2020 година! Со ова треба самиот суд, или сега веќе Јавното обвинителство кое ги презеде предметите од СЈО, да се спогодат со обвинетите за повлекување на предметите без барање трошоци, надомест на штета и слично. Втората фаза ќе настапи ако не се изврши бараното во првата фаза. До март 2021 година, ако нема спогодба, одлуката на Судот за човекови права од Стразбур ќе мора да се спроведе облигаторно, без задршка и без условувања! А тоа значи, дека повеќе од половина предмети за кои сега се суди по обвиненија од СЈО запираат на штета на обвинителството, или на судот ако пресуда веќе е донесена. Обвинетите потоа, за делата за кои се аболицирани, се слободни, а државата мора да им исплати штета која обвинетите и осудените би ја побарале!

Впрочем, на 6 октомври 2020 година министерот за правда Бојан Маричиќ, ја обелодени веста од Стразбур, иако неаргументирано се правдаше: “Она што е точно, е дека пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, одредени лица обвинети или осудени во постапките на поранешното СЈО почнаа постапка со која ги проблематизираат тековните судски постапки во Македонија, од аспект на аболициите на Иванов. Eвропскиот суд за човекови права достави на одговор до Владата две групи на апликации кои се поднесени против државата пред овој меѓународен суд, во однос на предмети кои се тековни пред домашните судови.

Но, овие апликации не се одлучени од страна на Eвропскиот суд за човекови права, туку на 25 септември 2020 година само се доставени на одговор до Владата на Македонија, а постапката за нивно одлучување треба допрва да почне наредната 2021 година.“

И поранешната министерка за правда, Рената Дескоска, се огласи иако повторно неаргументирано: “Ова што се случува во моментов околу апликациите во Стразбур, е стандардна постапка што се води по сите апликации без исклучок: Државата се известува дека е тужена и ѝ се остава рок во кој таа треба да одговори на наводите од апликацијата, или да се спогоди со апликантот. Јас очекувам дека Владата ќе влезе во судска постапка и ќе докажува незаконитост и ништовност на помилувањата по неколку основи: непостоењето на членот 11 од Законот за помилување на кој се засновани тие помилувања, а чие непостоење е утврдено и од Собранието во постапка по автентично толкување, како и дека чинот на помилување имаше форма на амнестија имајќи ја предвид масовноста на помилувањето.

Исто така, веројатно ќе докажуваат и законитост на повлекувањето на помилувањето, заради тоа што истото е сторено врз основа на членот 11-а, како и тоа дека истиот претседател кој го дал, истиот и го отповикал помилувањето.“

При овој башибозук во обвинителствата и судовите, со асистенција на Владата, не смее да се заборави, дека Врховниот суд на Грција на 18 мај 2018 година ги ослободи од екстрадициски притвор Горан Грујовски и Никола Бошковски со образложение: Еднаш аболицирани лица не може да се судат за истото дело, независно дали помилувањето во било која постапка или со било која одлука е ставено вон сила! Со оваа одлука Врховниот суд на Грција, де јуре и де факто, го суспендира Специјалното јавно обвинителство на Македонија, денес Јавното обвинителство!

Имено, Врховниот суд во Грција го одби барањето на Министерството за правда на Македонија за екстрадиција на поранешните функционери во МВР, Горан Грујовски и Никола Бошковски, кои во притвор во Грција поминаа седум месеци. Врховниот суд на Грција се повика на правното дејство на одлуките за помилување на Европскиот Суд за човекови права во предметот Леха против Словачка, во согласност со примената на Европската конвенција за заштита на човековите права, дека одлуката за помилување не може да се анулира, независно дали помилувањето во било која постапка или со било која одлука е ставено вон сила!

Таков е случајот и со одлуките за помилување со ослободување од гонење без спроведување на постапка на 56 лица, донесени од претседателот на Републиката Ѓорге Иванов на 12 април 2016 година, подоцна под притисок на јавноста и Собранието поништени на 27 мај и 6 јуни 2016 година. Порано или подоцна аболицираните односно помилуваните 56 лица со одлука на претседателот на Републиката Ѓорге Иванов, донесена на 12 април 2016 година, ќе бидат ослободени од обвинение и затвор, а државата ќе мора да плати оштета од Буџетот поради владината авантура во хаосот што го создава во правосудниот систем!

Со оваа власт, останува во сила злосторничкото здружение на Владата со Уставниот суд и судовите и јавното обвинителство во Македонија!

Правната држава е мисловна именка, а правдата за обичните смртници недостижна… А, поради правната несигурност, нема нови домашни и странски инвестиции, македонските државјани бегаат во странство.

Пишува: Тодор Петров

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...