Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 42.227 денари.

Објавил: Перо Милчин | 24 февруари, 2021 9:20

ПОРАСНА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Од владата се пофалија за економијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Просечната исплатена нето плата во декември 2020 година изнесувала  28.294 денари и бележи раст од 5,4 % во однос на истиот месец во 2019 година,  поточно за 1.458 денари.

Согласно податоците на Државниот завод за статистика ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: информации и комуникации (15.5%), рударство и вадење на камен (10.5%) и дејности на здравствена и социјална заштита (10.0%).

Зголемување на просечната исплатена нето плата во декември 2020 е регистрирано и во однос на претходниот месец истата година и тоа за 2,6%.

Ваквото зголемувањето е забележано во секторите: информации и комуникации (14.4%), финансиски дејности и дејности на осигурување (12.5%) и рударство и вадење на камен (10.6%).

Владата во консултација со сите релевантни чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креира амбиент за раст на просечната и на минимална плата.

Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4% до 5% и покачување на платите за 20% до 30% односно до 34 илјади денари во следните четири години со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 42.227 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести