И во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Објавил: Владо Марин | 27 мај, 2020 8:17

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер: Нестабилно време во Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов во државава ќе имаме променливо облачно време со повремен локален дожд. Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искауваат во интервалот од 15 до 22 степени, што значи дека истите и понатаму ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремно засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 19 степени.

И во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

На некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите и понатаму ќе останат пониски од вообичаените за овој дел од годината. Истите понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...