-Наредните два часа на подрачјето на земјата се можни и врнежи од град, предупредуваат метеоролозите.

Објавил: Весна Петровска | 29 мај, 2019 18:36

Портокалов метео алрам – подготевете се, следува големо невреме во целиот регион

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Метеролозите предупредуваат за силно нревеем во целиот реегион, вклучен е портокалов метеоаларм, надлежните најавуваат вонредни мерки.

Метеролозите го кренаа нивото на алармот на портокалово

Врмето во Србија е задржува нестабилното време со честа појава на врнежи и грмежи, главно а северот и истокот од земјата и со количина на врнежи и над 20 метри кубни, со можност за краткотрајни временски непогоди.

-Наредните два часа на подрачјето на земјата се можни и врнежи од град, предупредуваат метеоролозите.

Се очекува најсилниот ветер да помине низ подрачјето на Белград, Банат и Поморавие.

Исто така и од авто мото сојузот на Србија ги предупредуваат возачите да внимаваат на патиштата поради ветерот кој што може да им попречи во сообраќајот, да внимаваат на паднати дрвја или одрони по патиштата.

Иако според Хидрометеоролошкиот завод во Србија денес се предвидени максимални 21 степени највисоки во Белград и околината, сепак тие тешко ќе можат да се почувствуваат поради огромната брзина на ветерот кој достигнува и до 30 метри во секунда.

Во неколку делови од Белград веќе започнало невремето, а забележани се и грмежи.

Дува и слаб и умерен, јужен ветер.

Метеоролозите засега издале портокалов метеоаларм на подрачјето на Бачка и Баната, додека на територијата на цела Србија вклучен е жолт метеоаларм.

Исто така надлежните стравуваат дека поради невремето може да има поплави и да направи голема штета во земјоделството. 

Денеска во Македонија времето беше претежно сончево на моменти облачно, но стабилно време. Утре се најавуваат врнежи и појава на грмежи.

Од 1 до 10 јуни се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд, а во попладневните часови може да бидат поројни, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување повикувајќи се на известување на Weather4all.mk.

Според најавите, велат од ДЗС, се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. Оваа состојба се предвидува да трае до 15 јуни, а поради најавени високи температури не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ги известуваат сите Подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.