Таа посочи дека Марковски јавно уште на самиот почеток на пандемијата повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со Ковид-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 септември, 2020 19:41

Портпаролката на СДСМ го обвини Вело Марковски: Jавно ги поткопуваше мерките за заштита од ковид 19 и ширеше страв во јавноста

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешноот обраќање пред новинарите рече дека новиот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Вело Марковски јавноста ќе го запамети како што вели по непостојаните ставови во однос на коронавирусот и тоа што често пати јавно ги поткопуваше мерките и решенијата на Комисијата за заразни болести.

Вело Марковски е новиот член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека Марковски јавно уште на самиот почеток на пандемијата повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со Ковид-19.

„Еднаш велеше дека тешко ќе постигнеме колективен имунитет, а само по неколку недели зборуваше дека брзо ќе сме стигнеле до колективен имунитет. Со своето однесување, со поткопување на мерките и решенијата Марковски внесуваше паника и вознемиреност во јавноста“, рече Кузеска.

Според неа, во ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени.

„Раководството на партијата предводено од Христијан Мицкоски е полно со деструктивни кадри, со поранешни докажани послушници на Груевски. Опозициската партија не е мрдната ниту милиметар од режимската матрица. Со ваква кадровска понуда, ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе биде опозиција. Граѓаните не сакаат нечесни, неискрени и деструктивни кадри и тоа го покажаа и на изборите на 15 јули“, кажа Кузеска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.