Науново метео

Објавил: admin@magazin | 15 јуни, 2021 8:03

ПОСВЕЖО УШТЕ ДЕНЕС – ОД УТРЕ ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ПРОДОР НА ТОПЛА ВОЗДУШНА МАСА ОД ЈУГ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 23 степени.

Потоа од утре и тоа под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, се очекува поголемо затоплување на времето. Сепак во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести