Иако поголемите градови се соочуваат со енормно загадување на воздухот, а Скопје е во топ петте најзагадени градови во светот, Владата ќе ги поскапи билетите во градскиот превоз

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 7:41

Поскапува градскиот превоз, нова “еколошка мерка” на владата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Иако неофицијално, се потврдуваат информациите дека ќе поскапуваат автобуските билети во градскиот превоз.

По дознавањето на оваа информација компаниите веќе веднаш започнаа да се правдаат дека поскапувањето се должи на растот на цената на нафтените деривати.

Реакцијата на дел од граѓаните е дека со зголемувањето на цените на билетите, веќе не се исплаќа да се возат со автобус, туку ќе се возат со автомобил. Додека пак еколошките организации, велат дека со зголемувањето на загадувањето на воздухот, граѓаните треба да се стимулираат да користат јавен превоз, а не да се одвраќаат со зголемување на цените.

Во текот на зимата кога загадувањето се зголемува Владата треба да се погрижи трошоците за јавен превоз да не се зголемуваат, бидејќи со тоа не ги охрабрува граѓаните да користат јавен превоз. Најголемиот дел од автомобилите во Македонија се стари и не ги исполнуваат еколошките стандарди, па затоа Владата треба да биде многу внимателна со зголемувањето на цените на билетите во јавниот превоз.

Владата треба да размисли за субвенционирање на јавниот превоз за да ги задржи трошоците на исто ниво. – велат од Еко Герила – Еколошка организација. Веќе година и пол владата нема конкретни мерки против растот на цените на автобуските билети.

Ако се покачат цените на билетите, негативно ќе влијае на граѓаните бидејќи едно лице од помалите градови ако работи во Скопје, ќе мора да даде речиси половина од својата плата само за патни трошоци.

Владата пак, нема конкретни мерки против растот на цените на автобуските билети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.