Битолчани во наредниот период ќе плаќаат поскап такси превоз, откако мнозинството во Советот на Општина Битола гласаше за поскапување на услугата. Така, на пример, за најблиската релација до 3 км, граѓаните досега плаќаа 90 денари, а сега ќе плаќаат 110 денари. Претходно стартот беше 30 денари, а секој километар се плаќаше по 20 денари.

Според новиот тарифник стартот со вклучен еден километар ќе чини 60 денари, а за секој нареден километар ќе се плаќаат 25 денари. Чекање во траење од еден час ќе чини 300 денари.

Поскапувањето на такси превозот предизвика бурни реакции во битолската јавност, па и на денешната расправа во Советот на Битола. Од негодување за поскапувањето, па сѐ до поддршка за лиценцираните такси превозници.

„Во овој момент ние не можеме да опстоиме. Тргнете од вас дека вие нема да работите 30 дена во месецот. Ние не сме членови на никакви други комисии за да имаме дополнителни примања. Живееме од таксито. Ако планираме ова да го работиме треба вие да го почитувате тоа и ние да опстоиме. Доколку не го прифаќате поскапувањето принудени сме да ги затвориме фирмите и да станеме диви таксисти. Табличките во багажникот и толку“, рече лиценциран таксист од Битола кој заедно со група таксисти го чекаа исходот од расправата на седницата на Совет, дали ќе се одобри поскапувањето на такси превозот.

Објавил: admin@magazin | 31 јануари, 2022 17:35

Поскапува такси превозот во Битола

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Битолчани во наредниот период ќе плаќаат поскап такси превоз, откако мнозинството во Советот на Општина Битола гласаше за поскапување на  услугата.

Така, на пример, за најблиската релација до 3 км, граѓаните досега плаќаа 90 денари, а  сега ќе плаќаат 110 денари. Претходно стартот беше 30 денари, а секој километар се плаќаше по 20 денари.

Според новиот тарифник стартот со вклучен еден километар ќе чини 60 денари, а за секој нареден километар ќе се плаќаат 25 денари. Чекање во траење од еден час ќе чини 300 денари. 

Поскапувањето на такси превозот предизвика бурни реакции во битолската јавност, па и на денешната расправа во Советот на Битола. Од негодување за поскапувањето, па сѐ до поддршка за лиценцираните такси превозници.

„Во овој момент ние не можеме да опстоиме. Тргнете од вас дека вие нема да работите 30 дена во месецот. Ние не сме членови на никакви други комисии за да имаме дополнителни примања. Живееме од таксито. Ако планираме ова да го работиме треба вие да го почитувате тоа и ние да опстоиме. Доколку не го прифаќате поскапувањето  принудени сме да ги затвориме фирмите и да станеме диви таксисти. Табличките во багажникот и толку“, рече лиценциран таксист од Битола кој заедно со група таксисти го чекаа исходот од расправата на седницата на Совет, дали ќе се одобри поскапувањето на такси превозот.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.