Неговото тело од 12 до 13 часот ќе биде изложено на отворено на градските гробишта!

Објавил: Владо Марин | 4 мај, 2020 15:09

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Вучиќ ќе биде погребан утре, во 13 часот, на Градските гробишта!

Фото/Текст извор: ©Магазин

Погребот на познатиот пејач и водител Драган Вучиќ ќе биде извршен утре, во 13 часот, на Градските гробишта, информираат од неговото семејство.

За сите што сакаат да му оддадат последната почит, улицата ќе биде затворена од 12 до 14 часот за да можат да се движат соогласно мерките.

Неговото тело од 12 до 13 часот ќе биде изложено на отворено на градските гробишта!

Погребот на познатиот пејач и водител Драган Вучиќ ќе биде извршен утре, во 13 часот, на Градските гробишта, информираат од неговото семејство.

Од семејството додаваат дека ќе бидат испочитувани сите заштитни мерки и препораки поврзани со пандемијата со корона вирусот, пренесува Фокус!

Драган Вучиќ е роден во Скопје 1955 година. Зад себе остави бројни поп-хитови како што се „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк-групата „Кода“.

Тој ја компонираше песната „Make My Day“, избрана да ја претставува Македонија на Евровизија во 2005 година.

Актуелно ja водеше емисијата која што ја гледаше цел Балкан „Гурмански Муабети„

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam