Како што се наведува, точно на пладне е планирано да започне погребот на српската новинарка Драгана Трипиќ која пред два дена изврши самоубиство во својот стан во Белград.

Објавил: admin@magazin | 26 октомври, 2019 12:50

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Познат датумот на погребот од новинарката Трипиќ која избрши самоубиство!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарката Драгана Трипиќ ќе биде погребана во вторник во 13:00 часот на гробиштата Лесче во Белград. 

Како што се наведува, точно на пладне е планирано да започне погребот на српската новинарка Драгана Трипиќ која пред два дена изврши самоубиство во својот стан во Белград. Нејзиното тело го пронајде нејзината ќерка Александра. 

Како што пишуваат српските медиуми, причина за самоубиството на Драгана е кредитот која не можела да го плаќа во швајцарски франци.

Мама, нека те чуваат ангелите – со солзи и голема тага се прости ќерката на новинарката Драгана која изврши самоубиство.

Цела Србија се уште е во неверување по самоубиството на познатата новинарка Драгана Трипиќ (58) која пред два дена беше пронајдена мртва во својот стан од страна на својата ќерка.

Според српските медиуми Драгана во последниот период била депресивна поради долговите и кредитите, а во ова малкумина веруваат поради фактот што таа секогаш била насмеана, позитивна и голем борец.

Трагедијата најмногу ја погоди нејзиното семејство, а ќерката која вчера ја пронајде мртва нејзината мајка се огласи на својот Инстаграм-профил.

– Мама нека те чуваат ангелите, напиша Александра споделувајќи црно бела фотографија од покојната мајка.

Инаку, само 16 часа пред смртта таа на својот Фејсбук профил споделила фотографија на која со насмевка на лицето ја бојадисува својата столица со посебна метода, а на тој начин се релаксирала.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...