По мисата, мајката на Пино ќе му подготви последно ЗБОГУМ во Италија каде ќе биде испратен од своето блиско семејство и пријателите до неговиот вечен дом.

Објавил: Перо Милчин | 4 јули, 2019 19:41

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: По мисата во Скопје во недела, Пино ќе биде погребан во вечниот дом во Италија!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Да се присетиме на веселото момче Пино и преку молитва да му го осветлиме патот кон бескрајноста таму горе на небото. Во недела на 07 Јули, со почеток во 18:00 часот, ќе му оддадеме последно збогум на Пино, во католичката црква Капиштец.

Апел до сите негови пријатели, семејството и сите оние кои сакаат да се помолат за неговата душа, можете да дојдете во недела во Католичката црква и да се помолите за детето, кое монструозно беше убиено од страна на негови познаници.

Неговата мајка, Маја Трпковска се огласи на социјалните мрежи и ги повика сите кои сакаат да се помолат за нејзиното синче, да дојдат во католичката црква Капиштец, каде ќе се одржи служба(Санта Меса).

Vo nedela 07 juli vo 18.00 casot vo katolickata crkva Kapistec ke se odrzi sluzba (Santa mesa) za Pino. Ve / Gi pokanuvam site sto sakaat da se pomolat za moeto since da dojdete i zaedno da se molime za moj Pino . Vi blagodaram. Маја Трпковска, мајката на убиеното момче Пино.

Да се присетиме на веселото момче Пино и преку молитва да му го осветлиме патот кон бескрајноста таму горе на небото.

По мисата, мајката на Пино ќе му подготви последно ЗБОГУМ во Италија каде ќе биде испратен од своето блиско семејство и пријателите до неговиот вечен дом.

Мајката, Маја не може да се помири со фактот дека нејзиното дете во понеделник ќе го погреба и дека од него остана само 4 коски, дури како што вели таа во многуте интервјуа не може ниту достојно да го закопа своето чедо.

Момчето кое исчезна во почетокот на декември минатата година Пинета Секондо – Пино беше пронајдено мртво.

Телото е најдено во атарот на селото Љуботен пред еден месец, а беше утврден неговиот идентитет.
Станува збор за убиство, а МВР поднесе кривична пријава против две лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam