Екс министерската за култура Ганка Цветанова, на социјалните мрежи му порача на премиерот да не го користи повеќе англискиот јазик.

Објавил: Перо Милчин | 16 јуни, 2019 11:40

После вчерашниот ЛАПСУС на Заев, Ганка Цветанова му порача: „ПЛИЗ ДОНТ СПИК ИНГЛИШ ЕНИ МОР„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Ганка Цветанова бившата министерка за култура му порача на премиерот Заев преку социјалните мрежи повеќе да не зборува на англиски јазик.

После вчерашниот лапсус на премиерот во Австрија, во кој на Англиски јазик рече дека посакува Европа да остане најсекси девојка во светот, тој се најде на мета на твитерџиите.

Екс министерската за култура Ганка Цветанова, на социјалните мрежи му порача на премиерот да не го користи повеќе англискиот јазик, бидејќи е крајно лош во зборувањето.

Екс министерската за култура Ганка Цветанова, на социјалните мрежи му порача на премиерот да не го користи повеќе англискиот јазик.

Ганка Самоиловска – Цветанова е македонска политичарка и поранешна министерка за култура на Македонија. Некое време работела како доцент на Факултетот за музички уметности на Скопскиот универзитет.

Потоа била директор на Македонската филхармонија и претседател на Управниот одбор на фестивалот „Охридско лето“. Претседавала со националната комисија на УНЕСКО. Во периодот 2000-2002 година била министерка за култура. 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев вчера во областа Вахау, се сретна со новата федерална Канцеларка на Република Австрија, Бригите Бирлајн.

Сакаме да ги почнеме преговорите, односно да продолжиме со мотивацијата на ЕУ и да ја докажеме нашата земја. Во минатото Балканот беше темпирана бомба, но сега многу нешта се сменија. Сѐ повеќе сме Европјани. Преку овие промени, многу нешто се случија, само поради една причина, која ја спомна комесарот Хан, односно поради силата на ЕУ. Таа нѐ привлекува, нѐ води и нѐ мотивира.

Европа треба да остане најсексапилна девојка во светот, која ќе нѐ мотивира да продолжиме во овој правец“, рече Заев.

Во продолжение погледнете го смешното видео:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.