Од уапсените 9 лица, двајцата се сопственици на два хотели во Драч, каде настрадаа четири лица, а третото лице е менаџер.

Објавил: admin@magazin | 14 декември, 2019 22:33

После земјотресот започна серија апсења во Албанија: 17 лица обвинети за смртта на 51 лице во потресите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанското обвинителство издаде 17 налози за апсење по обвиненијата за убиство и злоупотреба на службената положба, поради смртта на 51 лице во земјотресот кој ја погоди Албанија со 6,4 степени според Рихтер, каде се срушија повеќе од 10 згради, соопшти полицијата, додавајќи дека 9 лица се уапсени денеска.

Полицијата и обвинителството наведуваат дека истрагите покажале дека една од главните причини за настраданите лица во земјотресот на срушените згради, се инжинери и инвеститори.

Тие не се придржувале на правилата и стандардите на безбедносната изградба, пренесе Ројтерс.

Над 50 жртви, уништени 6000 домови, отселување, вознемиреност, страв, се последиците од силниот земјотрес кој го погоди дел од Балканскиот полуостров на 26 ноември годинава со епицентар во близина на Драч Албанија.

Од уапсените 9 лица, двајцата се сопственици на два хотели во Драч, каде настрадаа четири лица, а третото лице е менаџер.

По завршувањето на операциите за пребарување и спасување во зоните погодени од земјотресот кој се случи на 26 ноември во Албанија, според надлежните институции на оваа земја, бројот на жртвите во земјотресот се искачи на 51 лице, додека стотици лица се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Албанија изјави дека бројот на жртвите се искачи на 51 лице, а во болница животот го загуби една 20-годишна девојка.

Во операциите за пребарување и спасување во областа Драч учествуваа тимови од Албанија, Косово, Турција, Северна Македонија, Грција и од други земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.