По седум години за прв пат за три денари поскапе лебот, согласно прогнозите од Народна Банка на Република Македонија, најавуваат лавина нови поскапувања на пазарот

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 11:37

После лебот, очекувани се нови поскапувања?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Влијанието на цената на лебот и нејзиното зголемување било предвидено за инфлацијата во оваа и за наредната година, велат од Народна Банка.

Од централната банка велат дека будно ја следат состојбата, но не можат да влијаат врз оваа одлука бидејќи цената се формира на слободниот пазар.

Анализата на НБРМ покажува дека од средината на 2017 година е забележан нагорен тренд на цените на пченицата на светските берзи, како и раст на цената на суровата нафта кои се вбројуваат меѓу факторите кои ја корегираа цената на лебот во малопродажбата, пишува АлсатМ.

Тековно просечната домашна инфлација изнесува 1.5%, а за цела 2018 година очекуваме таа во просек да изнесува околу 1.6%. Во следната 2019 година е проектирано нејзино благо забрзување на 2%. Она што е важно што во овие проекции веќе се вклучени и претпоставките за понатамошен раст на светските цени на храната и енергијата, и нивно прелевање врз домашните цени. Засега не очекуваме позначајни отстапувања од предвидената патека на домашната инфлација до крајот на оваа и во текот на наредната година. – велат од НБРМ.

Граѓаните се жалат на ваквата одлука. Велат дека се затечени со овој потег на пекарите. Но тврдат и дека добар дел од останатите производи во маркетите се продаваат по повисока цена во однос на лани.

Покрај тоа ќе поскапат и други работи, ми кажаа стручни лица. Тоа не чини, партиски не сум определен ни за едни ни за други. Слатка е власта, стани ти, да седнам јас.

Ќе месиме, што да правиме. Пет килограми брашно е сто денари, а од него колку лебови вадиш?

-Се е скапо, катастрофа. Пензијата е само за лекови и сметки, не стасува за ништо! – реагираат граѓаните.

Мелничко пекарската индустрија реши да ја зголеми цената на лебот за околу три денари со образложение дека имаат зголемени производствени трошоци.

Мелничарите се жалат и на катастрофалниот род на пченицата, поскапата нафта и недостатокот на работна сила во пекарскиот бизнис, а со тоа и принудното зголемување на платите во овој сектор. Ова поскапување на основниот прехранбен производ доаѓа по пауза од речиси седум години.

Тогаш лебот поскапи поради енормното зголемување на цената на струјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...