Милица синот го добила со вонтелесно оплодување, а поради бременоста последниве месеци не се појавуваше со Ана Брнабиќ во јавноста, поради бременоста.

Објавил: Перо Милчин | 21 февруари, 2019 14:25

После 9 години љубов со Милица , српската премиерка доби син

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Партнерката на премиерката на владата во Србија Ана Брнабиќ, Милица Ѓуриќ, вчера роди син во Белград, кој го доби името Игор.

Како што објавија ексклузивно српските новини “Blic” породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат добро.

Ана Брнабиќ (43) и нејзината неколку години помлада партнерка, докторка Милица Ѓуриќ, во емотивна врска се неколку години, а веста дека ќе добијат син се појави само пред неколку недели.

Милица синот го добила со вонтелесно оплодување, а поради бременоста последниве месеци не се појавуваше со Ана Брнабиќ во јавноста.

Српската премиерка Ана Брнабиќ после 9 години љубовна врска со докторката Милица Ѓуриќ, вчера постанаа родители на машко дете, кое му дадоа име Игор.

Милица имала желба да се одмара и ужива во приватноста и за тоа добила голема поддршка, од нејзината долгогодишна партнерка Ана Брнабиќ.

Во клиничкиот центар во Србија, во центарот за радиологија и магнетна резонанца каде што Милица е вработена, изјавиле дека во раниот период од бременоста Милица не доаѓала на работните обврски. Таа не ја криела среќата поради бременоста, па убавите вести ги поделила со колегите на работа, штом дознала дека ќе роди син, пишува српски Blic.

Ова е можеби и прв пат во светот една геј премиерка да добие дете со вонтелесно оплодување.

Милица Ѓуриќ е докторка која завршила медицина во Белград во рекорден рок со сите десетки во индексот, а со српската премиерка Брнабиќ е веќе 9 години во љубовна врска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.