ВМРО-ДПМНЕ обвинува

Објавил: admin@magazin | 17 април, 2019 10:20

Постојат сомнежи дека со парите од ограбената скопска банка ќе се купуваат гласови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нервозата кај Заев и Пендаровски од неминовниот изборен пораз е сѐ по очигледна, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде посочуваат и дека активисти на власта веќе јавно пред камери се закануваат дека со пиштоли ќе влезат во ДИК.

Од опозициската партија нагласуваат дека постои основано сомнение во јавноста оти овие пари ќе бидат искористени за купување на гласови.

Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола. Пендаровски и Заев знаат дека губат и затоа и се закануваат. Криминалитетот е зголемен. На само неколку дена пред избори од банка во Скопје одземени се 150 илјади евра, а Спасовски молчи и се уште ги нема пронајдено разбојниците“, се наведува во партиското соопштение.

Поразот на Пендаровски кој е повеќе од јасен придонесе власта да прибегне кон криминални методи. Но ништо не може да го спречи падот на СДСМ, бидејќи граѓаните не поддржуваат криминал и насилие“, се додава во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.