Од местото дополнителен заменик заминува и Славјанка Петровска.

Објавил: Владо Марин | 20 јули, 2020 16:18

ПОТВРДЕНО: Агим Нухиу нов министер за внатрешни работи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Наќе Чулев, сегашниот министер за внатрешни работи во техничката влада, уште оваа недела е на функција. Министерството до изборот на новата влада ќе го води Агим Нихуи, кој беше заменик на Оливер Спасовски. Тој го водеше МВР и после парламентарните избори во 2016 година, објави 21 тв!

Исто така си заминуваат и заменските кадри од ВМРО-ДПМНЕ од министерствата за земјоделство, за информатичко општество и администрација и за финансии.

Министрите Димковски и Манчевски ќе продолжат да ги водат министерствата. Манчевски ќе биде во исто време и пратеник, додека не се избере новата Влада.

Наќе Чулев беше актуелен министер за внатрешни работи. Тој на оваа функција стапил по изборот на новата техничка влада на 3 јануари 2020.

Наќе Чулев работеше во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање и бил редовен професор на Дипломатската академија на МНР.

Во периодот од 2013-та до 2017 година, Чулев бил директор на Агенцијата за разузнавање а од 2017 до 2019 генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање.

Во минатото бил и советник во Агенцијата. Тој бил прв секретар во амбасадата на Македонија во Анкара, Турција од 2003 до 2007 година. Наќе Чулев по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести