Скопје беше првата станица на балканската турнеја на фон дер Лајен. Утре таа е во Приштина и во Тирана.

Објавил: Едмонд Бекири | 27 октомври, 2022 5:46

Потпишан договорот Фронтекс, Брисел гарантира заштита на македонскиот јазик

Фото/Текст извор: ©глас на Америка

Според претседателката на Комисијата, фон дер Лајен, ова е многу важна порака и потврда дека Брисел го испорачал она што го ветил – заштита на македонскиот идентитет!

Вчера во владата, во присуство на врвот на Европската комисија, конечно по неколкугодишното бугарско блокирање, беше потпишан Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс.

Клучно е дека документот, покрај 24 јазици на ЕУ е потпишан и на македонски јазик без какви било додавки.

Според претседателката на Комисијата, фон дер Лајен, ова е многу важна порака и потврда дека Брисел го испорачал она што го ветил – заштита на македонскиот идентитет.
 

„Ова е симбол, ова е многу јасна порака – прво се приближувате до ЕУ со тоа што одржувате безбедност на границата, но и она што за нас е јасно-дека за вас е клучен македонскиот јазик. Во ЕУ имаме 24 различни јазици, а се надевам дека наскоро ќе имаме 25 со тоа што Северна Македонија ќе влезе во нашата Унија.“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Втората порака со која фон дер Лајен настапи во Скопје е директната поддршка на Унијата за земјава за надминување на енергетската криза предизвикана од руската агресија врз Украина.

Верувајте и ние го чувствуваме истиот притисок, но верувајте, нема да попуштиме ниту за еден сантиметар. Бидете уверени дека она што го покажуваме во ЕУ – солидарност и единство исто така значи солидарност и единство со Северна Македонија зашто во ова сме заедно и тоа значи дека заедно ќе ја решиме и надминеме оваа криза. Мојата порака денеска, до граѓаните на Северна Македонија е дека ЕУ е покрај вас, заедно сме во ова и заедно ќе ја надминеме кризата. Имаме пакет за поддршка за цел Западен Балкан кој стартува со грантови – 80 милиони евра за Северна Македонија како итна буџетска помош за олеснување на ударот на енергетската криза и веќе во јануари да се добијат средствата.“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Брисел има одвоено 500 милиони евра за регионот наменети за грантови за инвестиции во енергетската поврзаност, обновливи извори за намалување на зависноста од руските фосилни горива. Меѓу другото Северна Македонија е поканета да стане дел од заедничкото европското купување гас на глобалниот пазар.

На средбата се зборувало и за уставните измени – вметнување на Бугарите, како услов за продолжување на преговорите по завршувањето на скринингот.

Длабоко сум уверена дека конечно граѓаните на Северна Македонија ќе се обединат, ќе создадат мнозинство кое ќе овозможи изгласување на уставните измени. Досега толку многу постигнавте и бевте успешни, и оттука сум длабоко уверена дека овде, во Северна Македонија, ќе разберете, низ уверлива аргументација, дека е сечија одговорност да се придонесе за земјата да напредува.“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

И премиерот повика на обединување во име на европската иднина на земјата.

„Уште еднаш ја повикувам опозицијата во собранието да се обединиме заради иднината на оваа држава. Тоа се однесува на преговорите со ЕУ, но и на уставните измени кои не очекуваат веднаш по завршувањето на скринингот. За жал, тоа се однесува и на актуелното однесување на опозицијата. Не смееме веќе да си дозволиме извештај во кој Брисел ќе нотира дека опозиција блокира европски реформи, не смееме да си дозволиме да власта да работи за забрзување на реформите потребни за ЕУ, а опозицијата да работи во спротивен правец. Опозицијата им должи на граѓаните да ги деблокира и со нас да ги сработи реформите.“ истакна Димитар Ковачевски, премиер во Северна Македонија.

Скопје беше првата станица на балканската турнеја на фон дер Лајен. Утре таа е во Приштина и во Тирана.

В петок е во Сараево и во Белград, а в сабота е во Подгорица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...

Решивме, рече таа, дека сакаме да купуваме на глобалниот пазар заедно затоа што тоа ќе ни ја зацврсти и зголеми моќта

Итна буџетска поддршка од 80 милиони евра за С Македонија и грантови за инвестиции во енергетиката, најави фон дер Лајен од Скопје

Претседателката на ЕК најави и дека ќе ѝ се овозможи на Македонија да учествува во...