Врз основа на досегашното искуство и успешна соработка, беше потпишан и Меморандумот за соработка помеѓу Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје и ЈП ЛАЈКА Скопје.

Објавил: Перо Милчин | 4 ноември, 2020 11:35

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ЈП ЛАЈКА И ФВМ: РЕЗУЛТАТИТЕ ОД БОЛЕСТА ЛИШМАНИЈА ВО РОК ОД 48 ЧАСА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градењето на успешна соработка помеѓу прифатилиштето за бездомни кучиња на ЈП Лајка Скопје и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје и понатаму продолжува.

Врз основа на досегашното искуство и успешна соработка, беше потпишан и Меморандумот за соработка помеѓу Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје и ЈП ЛАЈКА Скопје.

Меморандумот за соработка има за цел воспоставување на соработка на полето ветеринарна медицина односно здравствена заштита и благосостојба на кучињата помеѓу страните потписнички.

Соработката подразбира изведување на лабораториски тестирања, едукација и научна работа од полето на ветеринарната медицина однoосно здравствената заштита и благосостојба на кучињата во Лабораториите и Универзитетската ветеринарна болница на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

Прифатилиштето на ЈП Лајка со овој склучен меморандум добива и ексклузивен договор за изведување на тестови за болеста лишманија кои се прават според акредитирана метода признаена од Светската организација за заштита на животните (OIE), каде резултатите од болеста се добиваат за 48 часа од приемот на мострите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.