- Видов како во породилната сала се стрчува медицинско лице, носеше боца со кислород, вели тој низ солзи.

Објавил: Весна Петровска | 1 септември, 2019 19:30

ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА МАЖОТ НА ТРУДНИЦАТА КОЈА ПОЧИНА НА ПОРОДУВАЊЕ: Видов како со боци трчаат во салата, а потоа го однесоа бебето и занев дека нешто не е во ред

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Сопругата ја однесов во болница бидејќи рече дека има контракции. Околу 3.20 слушнав плач на детето и видов како синот го носат во друга просторија од породилиштето, но веднаш помислив дека со Тања нешто не е во ред- раскажа Жељко, сопругот на бремената Тијана која почина по породувањето во болницата во Србија.

Жељко, кој цело време бил на Одделот гинекологија, вели дека слушнал како неговата сопруга се жали на болки.

– Видов како во породилната сала се стрчува медицинско лице, носеше боца со кислород, вели тој низ солзи.

Ова мајката која почина за време на породувањето. Таа на свет донесе мажко здраво дете.

По неговите зборови, медицинското лице му соопштило дека неговата сопруга имала пробле со постелката, што предизвикало обилно крварење.

– Ми рекоа дека обилното крварење е типично за жени кои се породуваат во постари години. Знам само дека мојата сопруга токму поради годините барала да се породи со царски рез, но се уште не знам што се случило навистина, па поради тоа барав да и се направи обдукција, едвај зборува сопругот за српските медиуми.

Инаку Тијана по терминот требало да се породи на 12 септември. На свет донесе здраво момче – Вељко,тежок 3,8 килограми. За жал не дочекала да го види. Лекарите но ни управата за сега не се огласиле за трагедијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.