Српската мисица Дијана Милојковиќ вчера беше испраено во нејзинот вечен дом од страна на нејзиното блиско семејство, пријателите и колегите од естрадата.
На погребот имаше голем број на луѓе кои достојно ја испратија мисицата и, и оддадоа почит.
Меѓу толпата беше и пејачката Рада Манојловиќ и Александра Пријовиќ, но како што пишуваат српските медиуми, за време на погребот на Рада и се слошило, па Пријовиќ веднаш и помогнала.
Александра било цело време покрај неа, а луѓето ја освежиле со вода, па пејачката веднаш се почувствувала подобро.
За потсетување, Дијана почина во понеделник вечер по долга борба со опасната болест.
Таа почина во 33 година од животот. Мис Европа и Мис спорт со својот однос кон борбата со ракот инспирираше илјадници луѓе.
Александра и Рада биле добри пријателки со Дијана па веста ги шокираше и не можеа да се воздржат а да не се простат и јавно од неа низ фотографии и трогателни пораки.
-Замина мила моја…благодарам за секој убав збор и насмевка…те сакам, засекогаш – порача потресена Александра Живоиновиќ, очигледно неможејќи да верува во тажните вести.
-А беше прекрасна- пишува под фотографијата на убавата Дијана во друштво на Рада Манојловиќ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.