Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека утрово двајца млади македонски граѓани загинале во сообраќајката што се случи во Пјаченца.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 февруари, 2020 18:32

Голема трагедија: Ќерката и внукот на македонскиот конзул во Италија се загинатите во сообраќајната несреќа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Марија Витанова (25 години), ќерка на македонскиот конзул во Италија, Стојан Витанов од Струмица и неговиот внук од брат, Методи Витанов (26 години), се загинатите во тешката сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 04:00 на улиците во Пјаченца, Италија.

Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека утрово двајца млади македонски граѓани загинале во сообраќајката што се случи во Пјаченца.

Автомобилот „Рено Клио“ удрил во дрво и веднаш се запалил, па кога пристигнале спасувачите екипи веќе било предоцна.

Како што објавија тамошните медиуми, оваа несреќа е една од три сообраќајни несреќи кои завршиле со фатални последици во последните десет дена.

Се претпоставува дека во Италија живеат и работат над 50 илјади Македонци, кои заминале најмногу во последниве десетина години.

Најмногу граѓани се иселиле од Струмица, а освен од Струмица иселенци во Италија, како што тврдат нашинците што со години живеат таму, има од источните градови на Македонија, Кочани, Делчево, Берово, Валандово, Пробиштип, Виница и Македонска Каменица. Освен во Пјаченца ги има и во Тревизо, Милано, Болцано, Мерано.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...