Марија Витанова и Методиј Витанов, биле први братучеди, а во Италија претојувале поради конзулскиот ангажман на Столе Витанов, инаку татко на настраданата Марија Витанова.

Објавил: admin@magazin | 3 февруари, 2020 19:16

ПОЧИВАЈ ВО МИР УБАВИЦЕ: Ова е ангелот Марија што загина вчера во Италија, ќерка на македонскиот конзул(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Два млади животи вчера предвреме згаснаа на улица во Пјаченица – Италија. Автомобилот во кој биле Марија и Методиј Витанови имал силна експлозија откако претходно двајцата млади удриле во автомобил и во ограда покрај патот.

Од силината на експлозијата се разбудило соседството во Пјаченица, кое сведочело на стравични сцени при извлекување на телата на загинатите од уништениот автомобил.
Марија Витанова и Методиј Витанов, биле први братучеди, а во Италија претојувале поради конзулскиот ангажман на Столе Витанов, инаку татко на настраданата Марија Витанова.

Во моментот кога Мартија и Методиј го изгубиле животот таа имала 25, а тој 26 години.
Ова случка силно ги потресе сведоците на тешката сообраќајна незгода, но и граѓаните во Македонија.

Марија Витанова и Методиј Витанов, биле први братучеди, а во Италија претојувале поради конзулскиот ангажман на Столе Витанов, инаку татко на настраданата Марија Витанова. Во моментот кога Мартија и Методиј го изгубиле животот таа имала 25, а тој 26 години.

Откако вчера стигна веста за трагичната смрт на членови од семејството на конзулот во Италија, многумина со неверување и ужас ја примија веста.

Стојан Витанов е струмичанец кој на македонската јавност и стана познат во 2017 година.

Користејќи го правото за повлекување на своето семејство, Столе Витанов по добивање на конзулската позиција ги повлече најблиските членови од неговото семејство.

Се тврди дека сообраќајната несреќа настанала откако Марија која била на гости кај својот братучед се враќала дома.
Засега официјално е потврдено дека двете загинати лица во тешката сообраќајна незгода во Италија се Марија Витанова (25) и Методиј Витанов (26).

Другите детали од сообраќајната незгода сеуште не се потврдени и целосно истражени.

Во италијанските медиуми може да се прочитаат различни верзии на тоа што се случило кобната ноќ.

Користејќи го правото за повлекување на своето семејство, Столе Витанов по добивање на конзулската позиција ги повлече најблиските членови од неговото семејство.

Некои пишуваат дека возилото изгубило контрола по удар во друго возило на кружен тек. По губење на контрола, возилото удрило во ограда покрај патот по што дошло до стравична експлозија.

Според друга верзија од приказната возилото удрило во дрво покрај патот по што веднаш дошло до експлозија.

Денеска другарите од родна Струмица се простуваа од Марија со срцепарателни пораки. А многумина уште со неверица и вчудоневиденост пристапуваат кон веста за нејзиното прерано загинување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam