Прва жртва во Македонија!

Објавил: Владо Марин | 22 март, 2020 18:45

Починатата од корона 7 дена ја лечеле по телефон – хоспитализирана дури пред 3 дена!

Фото/Текст извор: ©Лидер

За бројни системски грешки при третманот на починатата од корона вирусот, сведочат нејзини блиски за редакцијата на “Лидер”. Лекарската помош за неа, дошла предоцна и токму затоа псциентката го изгубила својот живот.

Како што сведочат блиските на 57 годишната Гордана Димитриевска од Куманово, која е прв починат од корона вирусот во земјава, таа била во изолација затоа што нејзиниот син се вратил од Италија и веројатно тој и го пренел вирусот.

-Ситуацијата и беше влошена и наместо да ја хоспитализираат, седум дена ја лечеа преку телефон иако ги имаше сите симптоми на вирусот. Ја земаа во болница пред 4 дена и потоа почина. Се соммеваме дека воопшто претходно ја тестирале за да кријат случаи. Симптоматично е што Филипче сега кажува дека тестовите биле прво негативни па дури откако починала станале позитивни. Таа беше болна со сите симптоми веќе подолго време. – сведочи за Лидер блиско лице до починатата кое и е познато на редакцијата но сака да остане анонимно.

Смртта на 57 годишната Гордана, која е прв регистриран смртен случај од корона во Македонија, денес ја обзнани министерот Венко Филипче.

-За жал, го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот кој посмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена која што имала 57 години. Во однос на приемот и третманот сакам да кажам дека колегите постапиле согласно протоколот за изолација, навремено се земени два теста и двата теста иницијални покажеле негативен резултат. Но, и покрај негативните резултати заради тоа што болеста била типично за коронавирусот таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен после констатација на смртта во текот на вчерашниот ден вчера и тој бил позитивен, рече министерот за здравство на денешната прес-конференција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести